Патријархот на СПЦ и лингвисти разговарале за Законот за родова еднаквост во Србија

Date:

Share post:

Во актуелната расправа што за Законот за родова еднаквост, а која предизвикува голем интерес и реакции и во јавноста во Србија, Српскиот патријарх Порфириј имал средба и разговори со еминентни српски лингвисти.

Сите учесници во разговорите се согласиле дека по начинот на изразување и меѓусебна комуникација, а со тоа и мислењето и животот на српскиот народ ќе се случат трајни последици, доколку навистина се примени овој закон, соопшти СПЦ.

Констатирале дека во еден дел се работи за лингвистичко прашање. Повторен е фактот дека случајот со Законот за родова еднаквост претставува насилно прифаќање на т.н. Џендер идеологија и политика, и дека таква пракса со обврзувачка примена не постои во ниту една држава во Европската Унија.

Патријархот Потфириј истакнал дека пршањето за јазикот го дефинира идентитетот на народот, и дека секоја насилна и непромислена измена може да има големи последици по прашањето за самосвеста на еден народ, како што е српскиот, за што Црквата постојано сведочи и повикува.

Потенцирано е дека надлежните органи не ги спречуваат, туку се премногу толерантни кон групи невладини организации кои со непосредно присуство во предшколските установи и во школите упорно и систематски ја промовираат џендер идеологијата и политиката во пракса, пропагирајќи дека и најмалите деца сами можат да бираат кој пол и род ќе бидат.

Српските лингвисти го запознале Патријархот Порфириј дека во широките научни кругови, а посебно меѓу лингвистите, правниците, политиколозите, социолозите, педагозите, владее голем интерес за надминување на ова големо искушение исправено пред српската наука, просвета и култура.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img