Почетна Проповеди Бискупот Стојанов: Имајте трпение и љубов за болните, осамените и возрасните
Бискупот Стојанов: Имајте трпение и љубов за болните, осамените и возрасните

Бискупот Стојанов: Имајте трпение и љубов за болните, осамените и возрасните

282
0

Бискупот на Католичката црква во Македонија, Киро Стојанов денеска одржа литургија во Катедралата во Струмица по повод Светскиот ден на болните, на кој им се обрати на сите верници, но особено на болните, осамените и возрасните лица, пренесува „Католици.мк“.

После литургијата, бискупот одржа проповед на која рече дека во близината на спомен денот на Мајка Божја Лурдска (кој што беше вчера) се собрале денеска на оваа света Литургија, (недела на Блудниот син и свети Три Светители) и на тој начин се вклучуваат во Меѓународниот ден на болните.

– Ние, ете, денес се собравме на света Литургија, да во неделната литургија – на посебен начин за вас возрасните и болните – го прославиме овој Ден на молитва и дела на милосрдието. Што е денес најголем проблем? Каков е нашиот однос кон возрасните, болните, кои повеќе не се корисни? Проблем на современото општество е да се откажеш ид некорисното. Сепак, нашите болни браќа и сестри не се странци, тие се наши. Не можам да се откажам од љубовта кон нив, бидејќи тогаш и јас се губам самиот себе. Ако немам љубов тогаш зошто сум човек? Што е син, ќерка, брат, сестра, болните и старите лица. Каде е нашата љубов? Каде е вистинската љубов таму е христијанството. Не некаде на друго место, дури ниту овде во Црквата, ако нема Љубов, нема христијанство, вели бискупот Стојанов.

Biskup StojanovШто е пораката за нас, кои имаме во своите домови возрасни или болни?, праша Стојанов.
–  Да имаме љубоц, разбирање, стрпливост. Болниот често пати не бара ништо, само малку љубов и внимание. Знае тоа да биде многу тешко, но што ние денес правиме за нив тоа во нашата старост и болест некој ќе ни го врати и нам, бидејќи со својата љубов „го задолжуваме“ Бога. Имаме кредит кај него, а Бог никогаш и никому не останал должен, нема ниту нам да ни остане должен, нагласи бискупот.

Тој е радосен за оваа литургиска средба за болните и возрасните што се одржува секоја година во оваа наша Катедрала, бидејќи на тој начин може да кажеме и покажеме дека во Црквата сме еден на друг навистина и брат и сестра.

– И дека нашите болни и возрасни лица ни се дар од Бога да им служиме во ЉУБОВ и така таа божествена крепост да ја „овоплотуваме“ секој ден. Вие драги возрасни и болни, бидете на тоа свесни. Ние вас ве почитуваме и сакаме, опростите ни ако не секогаш сме стрпливи, мирни и услужни. Вашата молитва е, ваше страдание. Толку ни е потребна таа Исусова молитва во вашите страданија, која служи за светата Црква и на вашите најблиски. Знајте дека сте драгоцени, рече бискупот.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *