Почетна Вера МПЦ-ОА Бадниковите поворки – највеличествена прослава за Бадник во регионот
badnikovi povorki 2023
badnikovi povorki 2023 1
badnikovi povorki 2023 2
badnikovi povorki 2023 3
badnikovi povorki 2023 4
badnikovi povorki 2023 5

Бадниковите поворки – највеличествена прослава за Бадник во регионот

179
0

Највеличествениот Бадник во регионот, повторно е во Македонија. По завршувањето на најголемата Бадникова манифестација досега, во која што бадникови поворки на радоста организираа над 62 градови и населени места во нашата земја, слободно можеме да кажеме дека Македонија никогаш не изгледала поубаво за Бадник, велат организиаторите.

Топлиот и сончев, ден, предизвика околу 25 илјади учесници, да чекорат во поворките на радоста, со што се надминаа сите очекувања на организаторите.

Во Скопје, за првпат, Соборниот храм не успеа да ги собере сите коледарчиња одеднаш, па во неколку наврати децата го полнеа храмот, каде што со најголема радост Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан ги пречека и ги даруваше со пригодни подароци.

За прв пат целата бадникова манифестација беше инклузивна и толкувана на знаковен јазик, за радоста да ја почувствува секој.

-Да потсетиме! Децата во поворките ги симболизираат ангелите коишто пеејќи ја ангелската песна Вечниот Бог го најавуваат Христовото Раѓање. За многу години Бадник! Христос се Роди!, велат одрагнизаторите.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *