Австралиско-сиднејската епархија ги повика Македонците во Австралија правилно да се изјаснат на пописот во 2026 година

Date:

Share post:

Австралиско-сиднејската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија упати повик до македонската заедница во Австралија активно и правилно да учествува на редовниот попис на населението, кој ќе се одржи на 11 август 2026 година.

Во соопштението, Епархијата нагласува дека пописот, кој се спроведува еднаш на секои пет години, претставува важна можност за точно евидентирање на бројноста на Македонците во Австралија, како и за зачувување на нивниот национален, јазичен и верски идентитет.

„За нас, Македонците во Австралија, од исклучително значење е правилно и јасно да се изјасниме. Податоците од пописот имаат големо значење за статистичката застапеност на македонската заедница, зачувувањето на нашиот национален, јазичен и верски идентитет, како и за идното планирање на образовни, културни и општествени програми“, се наведува во повикот.

Од Епархијата потсетуваат дека учеството во пописот е задолжително за сите лица кои ќе се наоѓаат во Австралија на ноќта меѓу 11 и 12 август 2026 година, вклучително и за лицата со привремени визи и меѓународните посетители. Во текот на втората половина на јули секое домаќинство ќе добие упатства за пополнување на пописот преку интернет, а ќе биде овозможено и користење печатена верзија на формуларот.

Во соопштението се упатува апел до верниците не само правилно да ги пополнат своите податоци, туку и да им помогнат на родителите, роднините, соседите и пријателите при пополнувањето на прашалникот.

Особен акцент е ставен на прашањата што се однесуваат на верската припадност, етничкото потекло, мајчиниот јазик и местото на раѓање, бидејќи тие, според Епархијата, се клучни за реалното статистичко претставување на македонската заедница во Австралија.

„Да бидеме видливи. Да бидеме правилно евидентирани. Да го зачуваме нашиот македонски идентитет за идните поколенија“, се наведува во пораката на Австралиско-сиднејската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img