Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, на 29 јули остварил средба со градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски.
На средбата присуствувал и протоѓаконот Ванчо Умленски. МПЦ-ОА не соопштува за темите за кои било разговарано на средбата во Архиепископијата.
Еден од најзначајните црковни проекти што се реализира на територијата на општината е изградбата на храмот „Воскресение Христово“. Станува збор за најголемата православна црква во Општина Карпош, која по своето завршување ќе претставува значаен духовен и богослужбен центар за жителите на овој дел од Скопје.

