Албанскиот Архиепископ бара СПЦ да не го држи во заложништво Соборот

Date:

Share post:

Албанскиот Архиепископ Анастасиј кој учествува на Соборот на Крит, отворено побарал од Српската црковна делегација да се изјасни дали има намера да го бојкотира и саботира Соборот, или ќе остане конструктивна во неговата работа.

sobor 2Последните информации од работата на Соборот на Крит велат дека недефинираниот став ан СПЦ, е една од темите на кои денеска се разговарало, особено по изјавата на Иринеј Буловиќ, кој побарал прекин на работата се додека на Соборот не дојде Руската православна црква.

Албанскиот Архиепископ возвратил, дека СПЦ треба да не ги подгрева шпекулациите дека може да го напушти соборот.

Анастасиј побарал телефонски да се разговара со Рускиот патријарх Кирил, Бугарскиот патријарх Неофит, грузискиот патријарх Илија и Антиохиската патријарх Јован, за да уште еднаш бидат повикани за учество на утрешната заедничка литургија.

/РЕЛИГИЈА.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img