Почетна Вести Алаѓозовски: Пропаѓа фреската со „Ангелот од Курбиново“ во црквата „Свети Ѓорѓија“
Алаѓозовски: Пропаѓа фреската со „Ангелот од Курбиново“ во црквата „Свети Ѓорѓија“

Алаѓозовски: Пропаѓа фреската со „Ангелот од Курбиново“ во црквата „Свети Ѓорѓија“

277
0

Претседателот на Комисијата за култура на СДСМ, Роберт Алаѓозовски денеска на прес-конференција во Курбиново обвини дека црквата „Свети Ѓорѓија“ која е прогласена за културно наследство во 1952 година, сега е доведена во опасност од уништување затоа што, како што тврди, не се преземаат никакви конзерваторско-реставраторски активности.

sdsm-sveti-gorgi– Тука се наоѓа и прочуената фреска со „Ангелот од Курбиново“, кој е симбол на нашата 50-денарка. Ангелот од Курбиново, и другите антологиски фрески во оваа црква, се во очајна состојба поради негрижата од страна на Министерство за култура, истакна тој.

Црквата, како што додаде, има активни пукнатини на сите четири страни поради лизагањето на теренот по проблематичните археолошки истражувања.

– Објектот е во опасност од прокиснување поради руинираниот и дотраен покрив, кај дел од фреските се забележани знаци на избледување, рече Алаѓозовски.

Министерството за култура, наведе, троши милиони евра на кич и барокни фасади, а не презема никакви мерки за заштита на богатото културно наследство.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *