
Клинскиот митрополит Леонид (Горбачов), определен за „егзарх“ на рускиот патријарх во Африка, падна во немилост. Со патријаршискиот указ од 8 септември тој беше разрешен од функцијата претстојател на патријаршиското подворје „Сите Светии“ во Кулишки, Москва. Одлуката беше објавена дури вчера со публикувањето на указот.
Митрополитот Леонид ја управуваше од далечина својата „епархија“ на африканскиот континент, а овој московски храм беше прогласен за центар на „Африканската егзархија“ на РПЦ. Затоа неговото разрешување од претстојателската функција недвосмислено се смета како паѓање во немилост.
На крајот на јули оваа година, за време на форумот „Русија – Африка“ во Санкт-Петербург, тој прочита извештај, во кој се пофали за успесите на својата дејност: двесте поранешни парохии на Александриската патријаршија во 25 африкански земји се приклучиле на „Руската егзархија“ за година и седум месеци.
Одлуката на патријархот Кирил несомнено има врска со смртта на водачот на воената група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, чија воено-економска империја се простирала во голем број африкански земји. Митр. Леонид одржувал блиски врски со платениците од „Вагнер“. Во пресретот на метежот на Пригожин против Кремлин, тој објави двосмислена порака, која не остана незабележана и многумина му предвидоа крај на неговата црковна кариера.
Митрополитот Леонид ја презеде својата нова функција во Африка на крајот на 2021 г. со изјавата дека „Александрискиот патријарх Теодор ќе го потпише актот на целосна капитулација на Александриската патријаршија.“ Неговата главна задача во Африка била да ги отцепи парохиите од Александриската патријаршија и да образува „руски црковни структури“. РПЦ официјано соопшти дека тоа е казната за Александрискиот патријарх поради признавањето на автокефалноста на Православната Црква во Украина. Александриската патријаршија го обвини митр. Леонид дека сее раскол во нејзините епархии и побара поддршка од сестринските православни цркви. За жал, повеќето од нив, вклучително и БПЦ претпочитаа да држат „неутрален молк“.
Митроплитот Леонид се одликува и со други скандалозни изјави. На крајот на јуни оваа година, на пример, тој изјави дека „со напредувањето на руската армија во Украина, Киевска Русија ќе биде ослободена, а потоа епископите на УПЦ ќе бидат отстранети, мислејќи на епископството под раководство на митрополитот Онуфриј, а Украинската Црква како излишна и предателска структура ќе престане да постои и ќе биде проголтана од Московската патријаршија.
Блискиот соработник на митр. Леонид, јером. Георгиј (Максимов, исто така екскомунициран од Александриската патријаршија), кој вршеше „мисионерски обиколки“ во Африка, патријаршиското решение за расчинување на својот претпоставен ја коментираше вака: „По повод познатите кадровски решенија во врска со епископот Леонид… Ако говориме за основната тема, тогаш донесената одлука никако не придонесува за работата на Африканската егзархија на РПЦ и на многу начини ја отежнува. Впрочем тоа ја разбива во нејзините најважни насоки.
/DVERI.BG