Јаневска не гледа ништо спорно во програмата за сексуално образование, но ревизија ќе има

Date:

Share post:

Министерката за образование, Весна Јаневска, не гледа ништо и спорно во содржината на изборниот предмет Сеопфатно сексуално образование за средношколци, но сепак ревизија ќе има. Ваквиот став Јаневска го соопштила во синоќешното интервју за Македонска телевизија по неодамнешната одлука предметот да биде повлечен, по реакциите во јавноста.

Според неа, сексуалното образование е потребно во Македонија, а моралот и етиката не се во спротивност со знаењето што децата треба да го имаат за правилен развој.

– Оттука, побарав од Бирото за развој на образование да се повлече програмата – таа што е спорна. Лично ја прочитав, не гледам ништо спорно, но побарав од Бирото да направи стручна ревизија, заедно со стручњаци од Македонија, да ја погледнат уште еднаш програмата и да дадат свое мислење за да можеме повторно да ја вратиме. Сексуалното образование е потребно во Македонија и мислам дека тука веќе ќе нема компромис во однос на знаењето за заштита од сексуална агресија, од сексуално преносливи болести и пред сè, од чувањето на здравјето и на девојчињата и на момчињата, избегнување несакани бремености кај малолетниците. Децата треба да го научат и да го знаат тоа – вели ресорната министерка.

Дел од граѓанските организации, како и епископот стобиски на МПЦ-ОА ,Јаков, деновиве реагираа и ја повикаа министерката Јаневска да ја повлече наставната програма. Во отворено писмо, епископот Јаков го критикуваше начинот на кој се третираат темите за родот, родовиот идентитет и сексуалните и репродуктивните права. Овој црковен достоинственик укажува дека со наставната програма, на учениците им се наметнуваат однапред определени вредносни ставови. Истовремено, тој укажува дека министерката Јаневска имала различни ставови додека била во опозиција и сега, како министерка за образование.

/Вечер Прес

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img