На празникот посветен на свети Наум Охридски, еден од најистакнатите ученици на светите Кирил и Методиј и основоположник на словенското монаштво, Архиепископот Стефан служеше Света Златоустова Литургија во манастирот „Свети Наум“ во скопската населба Радишани.
Во сослужение со Архиепископот Стефан беа свештенослужители од Скопската епархија, како и игуменот Јован од манастирот „Свети Прохор Пчињски“ на Српската Православна Црква.

