Италија и се придружи на Бугарија против санкции за Рускиот патријарх Кирил

Date:

Share post:

Италија ѝ се придружи на Бугарија, изразувајќи резерви кон предлогот на Европската Унија да воведе санкции против рускиот патријарх Кирил, јавуваат тројца европски дипломати запознаени со разговорите, пишува „Политико“.

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас предложи на патријархот Кирил да му биде забранет влезот во Европската Унија како дел од 21-от пакет санкции против Русија. Кирил се смета за близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и во повеќе наврати ја поддржа и оправда целосната инвазија на Москва врз Украина.

Предлогот, меѓутоа, наидува на отпор од Бугарија, каде што православното христијанство има значително влијание, како и на резерви од Италија. Според дипломатски извори, кои побарале да останат анонимни поради доверливата природа на разговорите, ставот на Рим не претставува вето, туку укажува на прашања што треба дополнително да се разјаснат.

Загриженоста на Италија произлегува од ставот на Ватикан и е поврзана со идејата да бидат воведени санкции против духовниот поглавар на една христијанска црква, посочува еден од дипломатите. Портпарол на Постојаното претставништво на Италија при Европската Унија одбил да даде коментар.

Дваесет и првиот пакет санкции, кој Каја Калас го претстави на 9 јуни, е насочен кон рускиот воено-индустриски и финансиски сектор, кои ја поддржуваат војната против Украина. Според изворите, комбинацијата од санкциите и украинските напади со долг дострел врз руските нафтени рафинерии врши сè посилен притисок врз руската економија, при што две третини од 83-те региони на земјата веќе пријавуваат проблеми во снабдувањето со гориво.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img