Владиката Петар отслужи литургија за 100 години Руска црква во Битола

Date:

Share post:

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар отслужил литургија за Свети Јован Шангајски во црквата „Света Троица“во Битола. Истовремено одбележа и 100 години од осветувањето на оваа црква, позната како Руска црква во Битола.

-Оваа година прославата на споменот на свети Јован Шангајски беше дополнително збогатена со одбележувањето на 100-годишнината од осветувањето на храмот, еден значаен јубилеј кој сведочи за вековното молитвено присуство и духовниот живот во овој свет храм, соопшти епархијата.

Историјата на оваа црква почнува по Октомвриската револуција во Русија, кога стотици руски емигранти, офицери, професори, интелектуалци и свештеници, барајќи засолниште од граѓанската војна, пристигнале и во Битола. Тука изградиле дрвен храм кој е осветен во 1926 година, а денешната црква ја задржала неговата препознатлива форма. Свети Јован Шангајски пред да стане епископ во Шангај, а подоцна и во Сан Франциско, неколку години престојувал во Битола. Бил професор во тогашната Богословија „Свети Јован Богослов“, а богослужел во храмот „Света Троица“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img