Порфириј навредува верници – „и по некој дебил“

Date:

Share post:

Патријархот Порфириј предизвика гнев во јавноста откако камера ја сними неговата спорна изјава. Порфириј, се соочи со остри критики од јавноста откако навредил дел од верниците.

ФОТО: СПЦ

Инцидентот се случил на аеродромот Аеродром Никола Тесла во Белград, за време на официјалното испраќање на Чесниот појас на Пресвета Богородица, кој со авион бил вратен во манастирот Ватопед на Света Гора.

Се чини дека Порфириј не бил свесен дека камерите се вклучени и снимаат, па, зборувајќи за верниците кои му приоѓаат, изјавил дека „од време на време ќе се појави по некој дебил“.

Во моментот кога го изговорил тоа, се свртел и ја забележал камерата, по што нагло го прекинал разговорот. Потоа брзо се снашол и почнал да дели благослов, пренесува Ozonpress.

Освен свештеници и граѓани, на аеродромот во тој момент биле присутни и високи српски функционери, меѓу кои министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ и директорот на полицијата Драган Васиљевиќ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img