Ескалираната состојба на Блискиот Исток и мерките на Израел, се уште ја доведуваат во неизвесност состојбата со претстојното одбележување на Велигден во Светиот Град Ерусалим. Нејасната состојба ја принуди Ерусалимската патријаршија и останатите црковни претставници побарале официјално известување од израелските власти.
Според информациите на грчките медиуми, Ерусалимскиот патријарх Теофил, испратил писмо до премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и министерот за надворешни работи, Гидеон Саар, со кое бараат да се даде јасен одговор во врска со претстојните прослави и богослужби, бидејќи веќе во христијанскиот свет постои голема вознемиреност околу тоа што ќе се случи со обредот на Светиот Оган.
Со писмото исто така се бара богослужбите да се одржат нормално, бидејќи информацијата што се шири последниве денови во Израел дека ќе биде дозволен влез само на 50 лица за време на Велика Сабота на обредот на Светиот Оган, продолжува да предизвикува загриженост кај Братството на Светиот Гроб, како и кај останатите христијански заедници.
Сето ова се случува во период кога сè е неизвесно, а Светиот Град, покрај одбележувањето на христијанскиот Велигден, се подготвува да го одбележи и Еврејскиот Пасха. Сепак, сè останува неизвесно и со нетрпение се очекуваат официјалните насоки од државните власти.

