Не можат да се постават заштитни настрешници на црквата „Свети Ѓорѓи“ во преспанското село Курбиново, еден од најзначајните византски средновековни споменици на културата на Балканот, познат и како македонската „Мона Лиза“, зашто храмот со едниот ѕид граничи со приватна парцела. На приватниот имот е и целиот сегашен приод кон црквата: скалите, паркингот, како и горниот дел на асфалтниот пат, а земјиштето досега не е експроприрано, пишува СДК.МК
Поради ваквите имотно-правни односи Управата за заштита на културното наследство одби да издаде конзерваторско одобрение за да се изведат преостанатите конзерваторски зафати на надворешниот дел од црквата. Станува збор за проект за конзервација и реставрација (втора фаза) на архитектурата на црквата која предвидува изградба на заштитни тремови (настрешници) за заштита на надворешниот фрескоживопис. За него претходно беше дадено позитивно мислење од стручната контрола и беше дел од Годишната програма на Министерството за култура за 2025.
Внатрешната конзервација на архитектурата и фрескоживописот заврши пред две години, но црквата не е отворена за редовни посети.
Целиот текст на СДК.МК

