Монах на МПЦ ОА фрли анатема на вештачката интелегенција и ковид вакцините

Date:

Share post:

Игуменот на Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Јанковец, јеромонахот Спиридон ги анатемиса сите кои користат вештачка интегенција, оние кои повикувале на вакцинација против Ковид и оние кои нема да му се покоруваат на Царот и кои ќе се бунтуваат против властите и ќе повикуваат на промени.

Се тоа убаво Јеромонахот го прочитал како дел од Синдиконот за Недела на Православието во Манастирот, а неколкумина верници собрани три пати во хор аминувале со Анатема! Анатем! Анатема!. Јеромонахот на МПЦ-ОА реши да си го промени текстот од Синодикото и да си го дополни со свои зборови кои нему му одговраат.

Анатемисувањето одело вака: „На гонителите на Христовата црква. Кои убиваат свештенослужители и разрушуваат храмовите божји, кои мачат браќа наши и ја сквернават нашата татковина и кои под присила принуда и уциени ги присилуваа да се вакцинираат против Ковид, нека е анатема. Во хор верниците одговораат: Анатема! Анатема! Анатема!.

Ако ова се преведе во реалност, тоа би значело дека покрај властите, МПЦ-ОА ги анатемиса сите лекари, научници, кои зборувале за пандемијата и опасноста од невакцинирање.

Но, тоа не е се. Спиридон поенитира со вештачката интелегенција, па вели: „На оние кои со магиите ги повикувата демоните и се поклонуваат и се надеваат на вештачката интелегенција, нека е анатема.

Интересен е и делот од анатемисувањет во кој се вели: „На оние кои не веруваат дека светите цареви на престолот се поставуваат по Божјо провидение и не веруваат дека миропозаманието врз нив не ја излева благодатат Божја и се бунтубваат и повикуваат на промени.. Анатема!… Народот Возвраќа: Анатема! Анатема! Анатема!.

Значи сите кои не веруваат дека власта е Божјо провидение и се дрзнале да бараат промени… се анатемисани.

Овај јеромонах во МПЦ-ОА е познат по своите скандалозни постапки. Беше монах во Лесново, од каде побегна, па едно време имаше информации дека е во Осогово, па и од таму замина и сега е во Преспанко-пелагонсиката епархија во манастирот крај Ресен.

3 COMMENTS

  1. Грузискиот патријарх: Вештачката интелигенција може да го турне светот во бездната на невидливите гревови

    Грузискиот патријарх Илија II ја повика Црквата да ги зајакне христијанските вредности во услови на технолошки предизвици. Католикос-патријархот на цела Грузија Илија II предупреди на духовните опасности поврзани со развојот на технологиите за вештачка интелигенција.

    Тој ја даде оваа изјава додека се обраќаше пред учесниците на научната конференција посветена на 100-годишнината од списанието „Теологија“ во Солун, Грција, според eadaily.com.

    Според поглаварот на Грузиската црква, брзиот развој на технологијата носи не само придобивки, туку и сериозни морални ризици.

    „Заедно со доброто, вештачката интелигенција претставува и сериозна опасност што може да го турне светот во бездната и да го направи жртва на претходно невидливи тешки гревови. Општеството го чувствува ова и веќе се обидува да создаде одбранбени механизми“, забележа патријархот.

    Патријархот Илија нагласи дека Црквата мора да стане духовен водач за човештвото во ерата на преоптоварување со информации.

    „Црквата мора да ги зајакне христијанските вредности со помош на современите технологии, помагајќи им на луѓето да го разликуваат доброто од злото, за да не отстапат од духовниот пат и да станат робови на материјалните вредности, прагматизмот и егоизмот“, рече тој.

  2. Очигледно е дека о. Спиридон вметнал во богослужењето во Неделата на Православието делови од богослужбен текст на друга Помесна Црква, најверојатно на Украинската Православна Црква (некогаш огранок на Московската Патријаршија во Украина). Барем така може да се заклучи од исечокот што го објавувате во прикажаното видео (каде споменува преземање храмови со оружје, мачење на прогонетите браќа христијани, сквернавење на Татковината и сл.)
    Но, анализата којашто вие ја пружате е сосем погрешна: барем во видеото нема никакви повици за покорност кон земните владетели. За ништо слично. ‘Помазаникот Божји’ спомнат во видеото е Господ Исус Христос, не е никаков земен владетел. Безмалку сите анатеми во видеото се однесуваат на современо популаризираните нехристијански учења и практики, на заканите од футуристичкиот трансхуманизам (на вештачката интелигенција, на измамите и евентуалните уцени и присили поврзани со Ковид-19 пандемијата).
    Лично не сум љубител на анатемите, ниту верувам во доброисходната дејствителност на тој обид да се огради Црквата од, ајде да речеме “силите на пеколот” кои според Христовите ветувања нема да Ја надвладеат. Но, можно е човек поинаку да реагира во услови на граѓанска војна (војната во Украина делумно има прераснато и во граѓанска војна, секако). Сепак не сфаќам зошто еден свештенослужител би го пренесувал еден ваков текст во боголужење на македонско тло.
    Литургијата не е толку со ретроградни дејства (без оглед што е историски втемелена на настани од Христово време со извесни безвременски последици, пред се’ втемелена е на Личноста Христова, а Христос е Носител на иднината, и тоа на една бесконечна конечност). Таа има превосходно пророчки капацитет, претставува учество во Божјиот творечки чин на земјата кој се’ уште трае. Не е упатно во тој творечки чин да внесуваме елементи на непостоечко зло со кое се бориме (пр. се бориме со непријатели во граѓанска војна која кај нас фала Богу не постои или со измами на Ковид-19 вакцинацијата која веќе е минато). Литургијата е едноставен, но таинствен чин на актуелизирање на многу нешта кои дури и не се непосредно споменати во неа, нема причина во неа да се оприсутнуваат крајно непотребни и непосакувани елементи. Ако веќе сакаме да внесеме некоја листа на анатеми, треба да бидеме крајно прецизни, дури и ако тие анатеми се однесуваат на појави и чинители во други Помесни Цркви, има начин како да се дефинира тоа, а да претставува момент од нашата соборна љубов кон прогонуваните христијани на други географски простори или во други времиња).
    И со анатемите не е лошо да се биде малку повнимателен: вештачка интелигенција користат или користеле, свесно или несвесно, безмалку сите граѓани на Македонија (вклучувајќи и многубројни активни верници православни христијани, па и монаси и епископи). А да не зборуваме за милијарди луѓе во светот. Ако сакаме да се оградиме од потенцијалното реално зло во неа, има начин како да го дефинираме и тоа. Намерите очигледно биле добри. Отец Спиридон е сепак грижлив пастир. Многу се труди да им помогне на болните од канцер. И колку што слушам има успех во тоа.

  3. Дај Боже да има уште такви пастири. Кој ќе им ги отвара очите на сите заблудени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img