Филмот „Мојсеј Црниот“ наскоро достапен на дигитални платформи ширум светот

Date:

Share post:

Филмот „Мојсеј Црниот, најновото остварување на режисерката Јелена Поповиќ, инспириран од животот на свети Мојсеј Мурин, ќе биде достапен на дигитални платформи на глобално ниво кон средината на овој месец.

Според информациите објавени во медиумите, филмот од 13 март ќе може да се гледа преку Apple TV/iTunes, Amazon, Google Play и YouTube Movies во САД и во десетици други земји.

Мојсеј Црниот“ ја следи приказната за водач на банда од Чикаго по име Малик, чија улога ја толкува актерот Омар Епс. Неговата животна приказна е современа паралела со патот на свети Мојсеј Мурин – од живот исполнет со насилство до длабоко покајание и духовна преобразба. Светителот од 4. век, кој од разбојник станал подвижник и еден од истакнатите отци на пустината, се смета и за еден од раните африкански светители во христијанството.

Филмот ги обработува темите на криминалот, вината и искупувањето, поставувајќи ја историската духовна трансформација во современ урбан контекст.

Јелена Поповиќ е позната и по наградуваниот филм „Man of God“, посветен на свети Нектариј Егински, кој привлече големо внимание кај православната публика ширум светот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img