Муслимани и Христијани во Пакистан со заедничка молитва за мир

Date:

Share post:

Меѓурелигиска средба во Лахор ги собра христијаните и муслиманите во молитва за прекин на граничното насилство меѓу Пакистан и Авганистан и за обновување на заедничката посветеност на мирот, пишува Ватикан Њуз.

Средбата се одржала во „Центарот за мир“ во Лахор, а претставниците на христијанските и муслиманските заедници се собрале и во Бадшахи џамија, позната како кралската џамија на градот, за да се молат за мир во време кога насилството го одбележува секојдневието на границата меѓу Пакистан и Авганистан.

Отец Асиф Сардар, генерален викар на Архиепископијата Лахор, изјавил дека средбата „треба да биде знак на мир и единство, особено во време на војната меѓу Авганистан и Пакистан“, пренесува ватиканската агенција „Фидес“, на која се повикува Ватикан Њуз. Средбата се одржала во периодот на Великиот пост и Рамазан и вклучила и ифтар – оброкот.

Генералниот викар го опишал настанот како „сон“, бидејќи можел „да посведочи меѓурелигиска хармонија и мир меѓу двете заедници“, пишува Ватикан Њуз.

За време на настанот, отец Џејмс Чанан, Доминиканец и раководител на Центарот за мир во Лахор, заедно со имамот Абдул Кабир Азад ја потврдиле посветеноста „да се продлабочат корените на односите меѓу христијаните и муслиманите во Пакистан“ и „да се живеат заедничките вредности на постот, размислувањето и жртвата, присутни и во Рамазан и во Великиот пост“, како и „да се молиме за мир“, пренесува изворот.

Во меѓувреме, Католичката заедница во Пакистан организирала и процесија со свеќи и молитвено бдение за мир на границата, во кое учествувале монаси и верници од црквата „Свети Пио од Пјетрелчина“, наведува Ватикан Њуз.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img