Синодот на МПЦ отслужи помен за митрополитот Кирил

Date:

Share post:

Дел од членовите на Синодот на Македонката православна црква-Охридска Архиепископија денеска отслужија Света архиерејска литургија во Лешочкиот манастир со што го одбележаа  50-годишниот јубилеј од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна црква, како и 10-годишнината од осветувањето на возобновената манастирска црква „Свети Атанасиј Велики“.

По литургијата со која чиноначалствуваше Неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Кумановско-осоговски  г. д-р Јосиф  и надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, и свештенослужители од повеќе епархии на МПЦ-ОА, беше отслужена и трисагија во чест и помен на упокоените Валаамските монаси, како и во чест и помен на 172 години од упокојувањето на игуменот Кирил Пејчиновиќ-Тетоец, и четири години од упокојувањето на Митрополитот Полошко-кумановски Кирил.

Владиката Кирил беше и еден од потписниците на одлуката за прогласувањето на автокефалноста на МПЦ во 1967 година.

На литургијата пееше женскиот хор „Менада“ од Тетово под раководство на маестро Ивица Зориќ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img