Никола Весков го фати светиот крст во Неготино

Date:

Share post:

Никола Весков (29) од село Криволак го фати крстот за Водици во Неготино. По овој повод, доби телевизор од градоначалникот Ванчо Апостолов, МПЦ и црквата „Свети Атанасиј” му подарија икона, а подарок му додели и компанијата “Зегин”.

vodici negotinoВесков учествува на манифестацијата 11 пат, а прв стигнува до светиот крст вторпат, откако и лани имаше среќа. Toj и градоначалникот на сите им го честитаа празникот Водици и им посакаа здравје, среќа и хармонија во семејствата.

Во трката за крстот учествуваа 27 лица, а на положувањеto во реката Вардар кај Пепелишкиот мост присуствуваа жители на Неготино и околните села. Пред тоа се одржа литургија во манастирот „Свети Ѓорѓи”.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img