Ѓорѓи Божинов го фати светиот крст во Радовиш

Date:

Share post:

Ѓорѓи Божинов го фати крстот што по повод Водици традиционално беше положен во Градскиот базен Шампион во Радовиш.

vodici kkkБожинов од градоначалникот Сашко Николов доби парична награда од 20.000 денари, а од свештениците на Брегалничката епархија и од фирмата Зегин други подароци.

Чествувањето на големиот православен празник Богојавление-Водици 2017 во Радовиш почна со света божествена литургија во храмовите Св.„Пророк Илија“ и Св. „Троица“, по што верниците во „Литија“ се упатија кон базенот Шампион каде  се изврши големиот водосвет.

Кумството од годинашната манифестација Крсте Ѓоргиев му го предаде на Бојан Митевски кој ќе биде кум на празникот наредната година.

Градоначалникот Сашко Николов финансиска награда им додели на сите момчиња кои успеаја да го фатат Светиот крст во сите села  во општина Радовиш.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img