Филип Беличевски го фати светиот крст во Отешево

Date:

Share post:

Деветнаесет годишниот Филип Беличевски од Ресен беше најсреќен меѓу 30-тината верници што скокаа по светиот крст во водите на Преспанското Езеро во Отешево.

vodici resenБеличевски, кој прв пат скока по светиот крст, на сите им посака здравје и среќа во годината што претстои. Од општина Ресен беше даруван со телевизор, а подароци доби и од Македонската православна црква и од спонзорите.

– Во духот на долгогодишната ресенска, преспанска, но и македонска традиција на одбележување на Богојавление – Водици најбрзиот и највештиот Филип успеа прв да стигне до светиот крст. Честитки до сите оние што на ова исклучително студено време имаа храброст, но пред се Божја волја да се фрлат во водите на Преспанското Езеро, истакна градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски.

Чинот за осветување на водите го водеа свештеници од Преспанско-пелагониската епархија од ресенското архиерејско намесништво.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img