Сеноќно бдение во пресрет на Новата Година ќе има и во Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Јанковец.
Организатор е Преспанско-пелагониската епархија. Светата литургија и сеноќното бдение ќе го води Митрополитот Петар.
Годинава вакво сеноќно бдение на 31 декември кон 1 јануари, кога граѓаните се на дочек на новата година организира и Кумановско-осоговската епархија.
Митрополитот Јосиф изјави дека овој чин го прави со цел да им се овозможи на верницте еден друг начин како да се помине оваа ноќ.

