Почетна Политичка теологија Муслиманите се порелигиозни од Христијаните
Муслиманите се порелигиозни од Христијаните

Муслиманите се порелигиозни од Христијаните

319
0

Религија.мк, во следниот период поединечно, со анализа ќе ги објави сите прашања од обемното истражување за перцепцијата на граѓаните за религиите во Македонија, спроведено со ИПИС, а поддржано од фондацијата Конрад Аденауер

52.4% од населението во Македонија за себе смета дека е религиозно, а дополнителни 30.6% сметаат дека се „Донекаде религиозни“. 6.8% себе си не се гледаат како религиозни, а 9.7% пак исто така немаат јасен став, но кај нив преовладува мислењето дека не се во групата на религиозни.

religiozen-3Овие податоци од истражувањето за перцепцијата на граѓаните во Македонија за регијата и оние за религиската припадност, покажуваат дека постои разлика помеѓу припадност  и практикување на одредена религија, со оглед дека првото е повеќе перцепирано како традиција и наследство, додека второто е личен избор на луѓето кои самостојно одлучуваат дали религијата ќе ја практикуваат или не.

Иако во групата како малку или воопшто нерелигиозни се определиле 16,5% од испитаниците, сепак генералната перецепција е дека во Македонија населението има висок процент на религиозност.

religiozen-1Ако етнички се анализираат бројките ќе се види дека овој процент на религиозност е многу повисок кај Албанците како муслимани. Во категоријата „Религиозни и до некаде религиозни“ граѓаните од албанска етничка припадност се изјасниле во високи 86,5 %. (79.8% -религиозни, 6.7% донекаде религиозни).

Висок е процентот и кај етничките Македонци, со таа разлика што од 81.8%, само 44.8 јасно потврдиле дека се „религиозни“, останатите 37% се вбројуваат во категоријата „донекаде религиозни“ .

religiozen-2Слични се анализите и во поглед на верската припадност. Муслиманите се сметаат за порелигиозни од православните христијани. Од испитаниците муслимани, ниту еден за себе не рекол дека не е религиозен, за разлика од испитаниците православни христијани, кои во 6.2 % одговориле дека не се гледаат како религиозни.

Образовната структура на испитаниците покажува дека најрелигиозни се граѓаните до основно образование, а најмалку религиозни со вишо и високо образование, иако и оваа категорија испитаници во поголем процент(45,5%) смета дека е „религиозна“.

(ПРОДОЛЖУВА)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *