Црквата Св. Петка во село Варвара во Тетово, има 4 соби со капацитет од 12 легла. Тие ги става на располагање за сместување на најзагрозените од поплавените подрачја, соопшти црковниот одбор.
Овој простор е опремен со трпезарија, кујна, WC со топла вода. Сето ова го ставаме на располагање на засегнатите од поплавените подрачја за оние на кои им е потребна нашата помош, велат од Црквата.

