316
0
Македонската православна црква и Дебарско-кичевската епархија одбелжаа 50 години од Автокефалноста и исто толку години од формирањето на Дебарско-кичевската епархија на МПЦ.
Настанот се одржа во манастирот „Св. Вмч. Ѓорѓи“ во селото Кнежино кај Кичево, со вечерна воскресна богослужба, со која чиноначалствуваше митрополитот г. Тимотеј, во сослужение на митрополитот г. Агатангел. Следниот ден на 17 септември 2017 година, Архиепископот г.г Стефан остслужи света архиерејска Златоустова Литургија, во сослужение на митрополитите, Тимотеј, петар, Агатангел, Иларион и епископот Климент. Тука беа и архимандритите, Нектариј и Партениј.