21 верник на Етиопската црква убиени во напад во регионот Оромија

Date:

Share post:

Архиепископот Абун Елсае при Етиопската црква, соопшти дека 21 верник биле убиени во округот Шерка, во областа Арси, во регионалната држава Оромија.

Според црковни извори, нападот се случил во четврток околу 16 часот по локално време. Меѓу жртвите има и свештеник. Сите загинати биле погребани во петок, изјави архиепископот.

Дополнително, две лица се киднапирани, додека осум други се водат како исчезнати и нивната судбина засега е непозната. Во нападот било ограбено и добиток, а во регионот владее зголемена напнатост.

„Смртта на нашите деца е наша смрт“, изјавил архиепископот, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите. Тој јавно поставил прашање зошто верниците се цел на напади и ја повикал владата да преземе мерки за спречување на нови загуби на животи.

Ова е втор масакр во Источен Арси во рок од помалку од три дена. Федералната влада на Етиопија и регионалните власти во Оромија се соочуваат со критики поради неспособност да ја обезбедат безбедноста на цивилното население.

Во последните повеќе од пет години, во регионот Оромија се регистрирани бројни убиства, киднапирања и напади врз цивили. Во одредени делови, како што е Арси, нападите носат белези на насочено насилство кон припадниците на Етиопската црква.

Масакрите често се поврзуваат со милитантната група Оромо ослободителна армија (OLA), која делува во регионот. Во некои случаи, групата ги негира обвинувањата и одговорноста ја префрла на регионалните власти.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img