Владиката Агатангел и годинава ќе организира групна крштевка во Бабуна
244
0
Повардарската епархија и годинава ќе ја организира традиционалната групна крштевка. Чинот на Светата Тајна – Крштение ќе го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес, во водите на реката Бабуна во Велес.
Девттата групна крштевка ќе се случи на 16 јули, сабота. Крштевката како и досега ќе биде бесплатна, а можат да се пријават само лица постари од 14 години.
Од повардарската епархија соопштуваат дека пријавувањето ќе се врши секој работен ден во просториите на епархијата во Велес од 08 -16 часот.