Почетна Вести Европа Украина сака да ги прекине односите со Руската православна црква
Украина сака да ги прекине односите со Руската православна црква

Украина сака да ги прекине односите со Руската православна црква

249
0

Украински функционери упатиле петиција до светските православни лидери да им дозволат да формираат национална црква што ќе биде независна од Русија – во обид да му стави крај на повеќе од 300-годишното влијание на Москва врз црковните работи во земјата, пренесува „Евроњуз“.

Според планот на поддржувачите на оваа идеја, формирањето на автокефалната црвка би било голем чекор во кампањата на Киев за ослободување од руската хегемонија.

„Сведоци сме на враќањето на неоимперијалните идеи во Москва“, изјавил архибискупот Јевстрати Зорја, портпарол на Украинската православна црква на Киевскиот патријархат.

Но, критичарите предупредуваат дека таквиот чекор би претставувал и ризик за уште поголема поделба во Украина и во православниот свет. Религијата е сериозна, но и збунувачка работа во Украина, додава „Евроњуз“. Повеќе од две третини од населението го следи правосланиот канон, кој игра средишна улога во јавниот живот на земјата.

Украинците имаат три православни цркви и може да избираат помеѓу нив, но само една од нив се смета за официјална – Украинската православна црква на Московскиот патријархат, која функционира како автономна деноминација во рамките на Руската православна црква.

За многумина патриотски настроени Украинци, помислата дека Москва има какво било влијание во украинските црковсни работи претставува анатема – и имајќи ги предвид блиските односи помеѓу Руската православна црква и Кремљ, тие сметаат дека ова се гледа и на политички план.

„Се работи за националната безбедност и нашата одбрана во една хибридна војна поради тоа што Кремљ гледа на руската црква како на еден од главните инструменти на влијанието во Украина“, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *