Почетна Вести Европа Вселенскиот Патријарх ја прифати молбата на Порошенко- прашањето за автокефална украинска црква отворено пред православниот свет
Вселенскиот Патријарх ја прифати молбата на Порошенко- прашањето за автокефална украинска црква отворено пред православниот свет

Вселенскиот Патријарх ја прифати молбата на Порошенко- прашањето за автокефална украинска црква отворено пред православниот свет

217
0

Вселенската патријаршија донесе одлука да го отвори прашањето за признавање на Автокефална Украинска Православна Црква во православниот свет.

Синодот на Вселенската патријаршија не ја отфрли молбата на украинскиот претседател, Петро Порошенко, туку напротив донесе одлука да дејствува по неговото писмо и да се заложи за украинската автокефалност, нешто што во православниот свет се толкува како позитивна воља на Вселенскиот патријарх и наклонетост кон Украинската непризната Киевска Патријаршија.

-Вселенската патријаршија, која според божествените и свети канони и многовековното црковен ред и Светото Предание ја има грижата за сите православни цркви во светот и одговорноста за сеправославеното единство, и особено за православениот украински народ кој ја прифати спасувачката христијанска вера и свето Крштение од Константинопол, како вистинска негова мајка-Црква се запозна подетално со црковната ситуација во Украина, како што беше направено и при претходните седници на синодот, и ја усвои молбата за доделување автокефалност од страна на дел од црковите и политички фактори, кои претставуваат милиони православни Украинци, и исто така одлучи подетално да ги запознае за разгледување на ова прашање другите сестри православни цркви за информирање и координација, стои во соопштението на Вселенската Патријаршија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *