Почетна Анализа Теолозите категорични: Отворањето на гробот на Христос не е осквернување

Теолозите категорични: Отворањето на гробот на Христос не е осквернување

1.02K
0

Со отворањето и реставрирањето на гробот на Исус Христос во Ерусалим, во кој се наоѓаат камените плочи на кои било положено неговото тело и на кои тој воскреснал, не се осквернува местото што е свето за христијаните. Вакво мислење за дневниот весник „Дневник“, дале македонските црковни достоинственици откако дел од јавноста истакна дека со интервенциите во гробот се нарушува светоста на местото што е меѓу најпочитуваните од страна на милионите христијани во светот.

grob-hristosПознато е дека неодамна во храмот на Христовиот гроб во Ерусалим археолозите од Националниот технички универзитет во Атина ја отворија гробницата и во периодот од 60 часа извршија истражувачко-реставраторски работи. При тоа, како што соопштија истражувачите, утврдија дека постојат мермерни површини и оригинални варовнички ѕидови. Тие се согласни во ставот дека овој гроб не бил преместуван во текот на историјата и оти тоа е автентично место во кое било положено телото на Исус Христос. Тој е погребан во гробницата откако починал по распнувањето на крстот, кое се случило во петок, за во недела да воскресне – што потоа станало најголем доказ за исправноста на христијанската вера.

Но, за дел од православните публицисти, отворањето на Христовиот гроб е спорно од повеќе причини.

Игор Евсин, православен публицист од Русија, деновиве објави статија во која, покрај другото, смета дека се работи за чин на десакрализација на најголемата светост на христијанството.

– Во неа ќе упаднат којзнае какви луѓе, кои ќе газат со нозе по светињата и тоа ќе се оправдува со потребата за извршување реставраторско-истражувачки работи. За мене тоа е просто сквернавење на светињата. Зарем заборавивме како „болшевиците“ ги истражуваа моштите на светителите во Русија? Тогаш православната Русија, колку што можеше, застана во нивна одбрана. Вршењето такви „научни работи“ никој од свештенослужителите со ништо не го оправдуваше и сите христијани тоа го сметаа за светогрдие и богохулство. Сега се гази гробот на Господ и ништо! – смета публицистот, кој е близок на зилотски православни структури, кои се сметаат за „вистински православци“ и се противници на екуменизмот.

Дозвола за отворањето на гробницата е дадена од Грчката, Ерменската и Римокатоличката црква, кои се грижат за ова свето место. Забелешки за реставрацијата, која е прво отворање на гробот по 1555 година, немаа ниту претставници на Руската православна црква.

svet-grobИстражувачите изјавија дека откриле многу материјал и оти биле во можност да ја видат површината на која, според верувањето, било положено телото на Исус Христос. Се уште не е познато што се се планира да се направи како реставрација и дали таа ќе ја опфати плочата на која било телото и на која се случило воскреснувањето.

Дебарско-кичевскиот владика на МПЦ-ОА Тимотеј во изјава за „Дневник“ вели дека за него лично воопшто не е спорно што се отвора гробот на Исус Христос.

– Во тие интервенции воопшто нема место за тврдењата дека се случува осквернување на светото место. Тие што го тврдат тоа не се во право. Едноставно, потребите налагаа да се влезе во грбот за да се извршат поправките. Треба да знаеме дека не се свети каменот, плочите, варовникот што се наоѓа таму, туку света е Благодатта Божја, таа е она што осветува. Тие што дозволиле истражувачите да влезат таму добро знаат што дозволиле – изјавил за „Дневник“ владиката.

И свештеникот Горан Стојчевски, од Соборниот храм „Свети Kлимент Охридски“, смета дека нема ништо спорно во тоа што истражувачите газат по местото каде што се случило воскреснувањето.

– За да истражуваат, тие мора да се движат. Не може да летаат, бидејќи луѓе од Бога така се создадени. Вистинските поклоници, како што вели и Христос, се тие што му се поклонуваат во Дух и вистина. Местото на Христовото Воскресение е срцето, а во историјата на човештвото е таму, на тоа место, но и историјата еден ден ќе се исполни. Нема ништо посвето од човекот, во оној во кого Христос се раѓа, живее, страда, умира и воскреснува, а местото на тоа случување е, пред с`, срцето на човекот. Тоа е тоа поклонување во Дух и вистина, живот во преображение до вознесение, т.е. човек ако се очистува од страстите, се просветлува и ќе се обожи преку благодатта. За тоа да се случи, не му е потребно место на случување. А, човек што не почнал да се очистува, тој се осквернува. Значи, патријархот по чин си е или треба да си е, на прагот од обожение, дал благослов и ништо не може да биде осквернето, може само да се освети – потенцира отец Горан, за „Дневник“

/ДНЕВНИК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *