Почетна Анализа Ноќта на вештерките не е католички празник – се што треба да знаете за Хеловин
Ноќта на вештерките не е католички празник – се што треба да знаете за Хеловин

Ноќта на вештерките не е католички празник – се што треба да знаете за Хеловин

1.08K
1

Хеловин денес се вбројува меѓу најпопуларните и најкомерцијализираните пагански празници од глобални размери, не само во Соединетите Американски Држави, туку и на стариот континент.

Додека црквата ваквиот обичај го карактеризира како пагански, младите ширум светот одлично се забавуваат резбајќи тикви и маскирајќи се. Иако во Македонија многумина го поврзуваат со Католичката црква, па прават споредби со Свети Валентин, и градат тези за наводно покатоличување на Македонија, сепак малкумина знаат дека „Ноќта на Вештерките“ воопшто не е празник, ниту пак го слави Католичката црква. Напротив таа го смета за паганизам и остро се спротивставува на него.  Овој глобален тренд на маски, тикви, забави всушност се наметнува како сериозен ривал на католичкиот празник Сите Светии и Задушница. Поради улогата која во него ја играат вештерките, сеедно што и да се подразбира под тоа име, наречен е и „Ноќ на вештерките“.

AP APTOPIX Vatican FamiliesРимокатоличката црква во Хрватска пред шест години се придружи на глобалната иницијативата со која Ватикан ги повика Католиците ширум светот да ја бојкотираат „Ноќта на вештерките“, настан што во последните неколку години ги преплави училиштата, градинките и кафеаните.

Во хрватските градови по тој повод првпат се одржи „Ноќ на отворени цркви“. Од седиштето на Католичката црква „Ноќта на вештерките“ е окарактеризирана како опасен антихристијански празник, па родителите беа повикани да не им дозволат на децата маскирање во духови, вампири, вештерки или волшебници.

– Тоа е паганска прослава на теророт, стравот и смртта, една од окултистичките струи, посочува  Ватикан, а католичкиот весник „Авенире“ тогаш повика на бојкот на празникот и молитва на Сите светци вечерта пред празникот, што е занемарена традиција на Христијаните, кои отсекогаш ноќта пред големите празници ги поминувале со молитви.

КОМЕРЦИЈАЛИЗИРАНО ПАГАНСТВО

Но, апелите на Ватикан, барем засега не наидуваат на слух кај верниците. Не само што овој ден останува врежан како потреба од маскирање во Америка, Канада, Европа, туку добива се пошироки размери и во Македонија и многу православни држави. Зачудува моментот што прославата на „Хеловин“ се сели и во училиштата, граднките… Во некои училишта и градинки секоја година се повеќе можат да се забележат истакнати цртежи со боени тикви, а деца парадираа во маски, облечени како вештерки, костури, вампири. Ова се случува со знаење на нивните учители, воспитувачи, родители и директори.

helovin-skoСоциолозите сметаат дека е опасно и штетно ако се дозволи да влезе празнувањето на овој ден во училиштата во Македонија, бидејќи, како што велат, на овој ден се слават злото и неморалот.

Во маркетиншка смисла Хеловен стана профитабилна работа на глобално распространетата индустрија на забава. Како што своевремено воочил американскиот магазин ’Advertising Age’, Хеловен е работа „доволно успешна од која и Дедо Божиќ да се престраши“. Меѓу возрасните Хеловен стана трето најпопуларно забавно случување, после Суперболот и дочекот на Нова Година. Затоа не изненадува што Хеловен или „Ноќ на вештерките“, е истовремено и Меѓународен ден на магијата и, како таков, е славен од бројни магионичари и нивни симпатизери по целиот свет.

ПОИМ

Хеловен е кованица од англосаксонскиот свет изведена од католичкиот празник Сите Светии, латински: Dies festum in omnium sanctorum, англиски All Hallow’s Day (All = сите; Hallow = светец; Day = ден). Вечерта спроти Сите Светии, значи 31 октомври била позната како „Вечер на Сите свети“, англиски All Hallow’s Evening од што, со скратување се појавил поимот Halloween. Хеловен како ноќ спроти Сите Светии, нема ништо заедничко со Ноќта на вештерките, освен што паѓа на ист датум кога и паганскиот келтски празник Самхаин кој го одбележуваат и современите пагани, или неопагани кон чиј род припаѓаат и вештерките.

ИСТОРИЈАТА НА ХЕЛОВЕН

Хеловен е празник превземен од келтското паганство. Келти (лат. Celtae, Гали; kéltoi на келтски: „таен“) биле група на индоевропски пагански народи населени кон крајот на вториот и почетокот на првиот милениум пред Христос на пространите подрачја северно од Марна. Биле политеисти и верувале во повеќе стотини божанства меѓу кои посебно место заземала планетата земја. Се раководеле според лунарно – соларниот календар во кој Сонцето и Месецот играле специфична улога. Особено Месецот (женски род), кој го сметале за господарка на плодноста на Земјата и жената, и ја славеле со четири големи годишни сабати, како следи: Samhain (од 31 октомври до 2 ноември), Imbolc (1 февруари), Beltane (1 мај), Lughnasadh (1 август). Хеловен се развил од спомнатиот келтски празник Samhain (етимол. „крај на летото“; од: sam = „крај“ + hain = лето) а претставувал славење на крајот на летото и почетокот на зимата, завршувањето и почетокот на Новата година. Келтите започнувале да го слават навечер на 31 октомври, а завршувале со заоѓањето на сонцето на 2 ноември, опфаќајќи ги така три последователни ноќи. Друидите (келтските свештеници) одредиле во тие три ноќи во годината редот и општествените правила да се укинат, па така три ноќи по ред под маски можело да владее хаосот (друидски карневал), а народот можел во недоглед колективно да лудува, да се опијанува, да прави магии, да прават оргии.

helovin-3На Самхаин, меѓу другите пагански обичаи, се принесувале животински и човечки жртви и се почитувале духовите на предците (фестивал на мртвите), бидејќи сметале дека таа ноќ била во состојба да ја растенчи, ако не и сосема да ја отклони врската помеѓу светот на живите и светот на покојните, овозможувајќи така меѓусебна комуникација на овие две света. Колку бил поголем бројот на принесените жртви, верувале, дека ќе биде поплодна годината.

Семето, пред полагањето во земјата, го натопувале во крвта на човечките жртви, како би ја стимулирале духовите вегетацијата (анимизам), за подобар род. Ехото од овие морничави сцени на Самхаин допрел и до Хеловен кој го прати сликата за „фолклор на стравот“, особено благодарение на Холивудската продукција

ПОГАНСКИ ОБИЧАЈ ПРЕПОЗНАТЛИВ ВО ХЕЛОВЕН

Фолклорните обичаи на Хеловен се поврзани со неговото поганско потекло. Маскирање со кожи на убиени животни и носење на нивните глави имале за цел заплашување на злите души кои на Хеловен лутале на земјата и им пакостеле на живите, од нив се „сокривале“ под костимите, но костимите се носеле и за да се стекнат карактеристиките на убиените животни (сила, брзина, лукавост…) Обичајот Trick or treat (станува збор за деца во Америка кои во предвечерието на празникот Сите светии, собирале колачи по куќите) има за цел за да се смилуваат душите на покојните и да не и пакостат на живите. Овошјето и јатчестите плодови изгледа се исто така поврзани со римската жртвена гозба Помоне.

helovin-2Во центарот на американската традиција за Хеловин се наоѓа The Jack o’lantern („Jack od lanterni“), издлабена тиква осветлена со свеќа во средината. Според некои историчари, обичајот потекнува од самите Келти (Келта), кои издлабувале јаболка и зеленчук (обично репка) за во нив да сместат свеќа, додека според други мислења потекнува од череп на вештерка со свеќа во средина, која го осветлува патот до вештерките. Како и да е, тиквите во Хеловен се преселија значително доцна, со откривањето на Америка.

ХЕЛУВИН ВО АМЕРИКА

Погодени од големи кризи (1840 – 1844) емигрантите од келтските земји, посебно од Ирска и Шкотска во кои Хеловин се славел многу повеќе од сите други келтски народи, пристигнале масовно во Америка и успеале не само да ја зачуваат традицијата на славење на Хеловин, туку и да ја прошират и на останатите народи, и покрај големите религиски, морални и материјални бариери.

OLYMPUS DIGITAL CAMERAПосле Втората светска војна Хеловин во Америка постигнал огромен успех. Денес сите американци се вклучени во одбележувањето на Хеловин. Модата на хеловин се проширила на целиот Америкаснки континент, поминала преку Атлантикот, ја освоила Европа сѐ до Африка. Се проширала на другиот брег на Пацификот и ја зафатила Јапонија, Кореја, Филипините, Австралија, Нов Зеланд, дури и конзервативна Кина и Индија.

ДЕН НА РЕФОРМАЦИЈАТА

За разлика од овој празник, на истиот датум  на 31 октомври во најголемиот дел од Европа се одбележува еден друг празник – „Денот на реформацијата“ Во некои земји тој е прифатен дури и како државен празник. Овој празник потсетува на духовните и на социјалните реформи, кои пред пет века беа поттикнати од неколку храбри и одлучни христијански водачи. Тие го кренаа својот глас против корумпираната, црковна власт и против искривувањето на Божјиот збор.

protestantska-reformacijaКако резултат на ова, настанаа огромни промени во тогашните европски земји, кои доведоа до поголеми човекови права, слобода во проповедањето на Евангелието, економски развој и напредок во науката и културата. Придобивките од реформацијата денес ги признава и Ватикан. Папата Франциск, кој е првиот Папа што допатувал во шведска, вчера призна дека „Мартин Лутер бил паметен човек кој бил загрижен за Црквата“.

/РЕЛИГИЈА.МК

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *