Почетна Анализа Патријархот кој живееше без плата
Патријархот кој живееше без плата

Патријархот кој живееше без плата

659
0

„Религија.мк“ во еден краток фељтонски серијал ќе ви пренесе еден апсект од животот на Патријархот Павле, прикажан преку настани од неговиот живот, кои се прераскажуваат во црковните кругови на СПЦ, но и на останатите православни цркви. Во наредните денови ќе можете да прочитате за „случки од животот на Патријархот Павле“.

За платите на епископите

Како што е познато Патријархот Павле се имал откажено од својата плата. Добивал само пензија за времето додека бил Рашко-призренски Епископ. Но и неговите потрби биле скромни, сам си ги шиел мантиите, сам си ги поправал чевлите, така што и поголем дел од малата пензија му останувал и тој дел го разделувал на сиромаси или го давал за нешто општополезно.

Pavle (1)Забележана е една реакција кога некои епископи барале да им се зголеми платата.

-А зошто, кога и сега платат која што ја имаме не можеме да ја потрошиме?

На истиот начин постапувал и со подароците кои ги добивал. Ако му подареле платно за мантија, тој го чувал додека не сретнел некој монах кој немал можност да си купи. Но целото платно не му го дава, туку онолку колку што е потребно за неговата гоемина, остатокот го чувал за друг монах.

Жика Стојковиќ, кој долги години соработувал со Владиката Павле, еднаш во Патријаршијата му се пожалил дека му е тешко да собере пари за издавање на делата на значајниот српски писател Милош Црњански. Патријархот го ислушал, станал и отишол до креветот, ја подигнал перницата, извадил три илјади тогашни марки и му ги дал на Стојковиќ.

(продолжува)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *