Почетна Анализа Исламскиот тероризам
Исламскиот тероризам

Исламскиот тероризам

286
0

Терористичките напади во Ница ја потврдија новата реалност. Нападите веќе не се спорадични, и ќе се повторуваат и ќе се извршуваат се почесто од организирани јадра или одделни луѓе.

Исламскиот тероризам се стреми да создаде несигурност во општеството. да ја добие битката за сенационализам. Да го дестабилизира секојдневниот живот на граѓаните. Негова цел е западниот начин на живот.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека „ние сме во војна со исламскиот тероризам“, и дека ќе распореди низ цела Франција дополнителни 10,000 војници.

teror 1Тоа влијае врз општеството, но не го решава проблемот. Не се презема таков чекор за да не биде закопано се Од друга страна, изјавата на Оланд ќе ја засили улогата на Франција на фронтовите во Ирак и Сирија, и ќе ги насочи џихадистите на нови напади.

Борбата со исламскиот тероризам не е едноставна. . Битката меѓу сунити и шиити, и несигурноста која се создава на Блискиот исток, ја потхранува и подржува Исламска држава.

Регистрираните воени порази покажуваат дека таа има потреба да ја добие битката за сензационализам. Загубата на територии е негативен факт, но дефакто не влијае на дејствувањето кое таа ги врши врз сунитските заедници во целиот регион.

За Исламска држава војната е тотална. Таа нема ограничувања, нема прегради. Силата на тероризмот не е само во нападите, туку и во последиците. реакцијата е таа која и дава кислород. Социјалната интеграција на муслиманските заедници во европските општетсва секогаш било мачен процес, дури и во земји кои биле социјално отворени.

Франција и Велика Британија применија различни политики што се однесува до социјалната интеграција на мигранти. Франција вложи напори да ги интегрира. Велика Британија спроведува политика на мултикултурност.

И двете политики не можеа да го спречат развојот на тероризмот во муслиманските заедници од второ и трето поколение. Тоа не смее да се поврзува единствено со социјалната изолација, со расизмот и ксенофобијата.

Пред тие случувања се исправени сите мигранти, муслимани и немуслимани. Тоа не треба да му се припишува на недостигот на образование. Џихадистите оделе на универзитети. На други место треба да биде насочено вниманието за да се разберат причините.

Силата на исламскиот идентитет често се потценува на Запад. Исламот не е само религија. исламот го раглементира воопшто начинот на живот на муслиманите. За исламот, религијата стои над се.

Експанзијата на исламкиот тероризам во Европа беше потхранет од политичката и економската нестабилност, која се појави во голема мера на Блискиот исток. Западот урна режими (во Авганистан, Ирак и Либија), но не успеа да зацврсти некакви постојани алернативни решенија.

Интересно е неодамнешното објавување на извештајот од сер Џон Чилкот, каде се истакнати причините заради кои Велика Британија дозволила сериозни грешки пред и за време на војната во Ирак. Останува прашањето зошто таа продолжи да ги дозволува тие грешки во Либија и Сирија.

Од своја страна, Турција не ја смета борбата со Исламска држава за свој приоритет. Нејзиниот приоритет е да го спречи создавањето на курдска држава во Северна Сирија. За да го спречи тоа, таа разви крајно непријатни, но тесни врски со Исламска држава. Затоа и кога беше принудена да направи свртување, таа влезе во нејзинот фокус и стана цел.

Погрешно би било да се смета дека обидот за преврат во Турција ќе биде од корист за грчкиот туризам. Други последици имаше растурањето на политичките односи на Русија и Турција, и Израел и Турција, а сосема други последиците од обидот за преврат и терористичките напади, кои даваат претстава за пошироки непријателства со негативни последици за целиот регион.

Од почетокот на својот мандат, Ердоган стравуваше од воен преврат. Случувањата ги потврдија дека неговите стравови, но сега кога тоа се случи, соодносот на силите се промени во негова корист. Претседателот на Турција е прагматичар. Во сериозната криза пред која е исправен тој е должен да не реагира сентиментално.

/Катимерини – Атина/ Превод: МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *