Почетна Анализа Еколошки манастир изграден од монахињи
Еколошки манастир изграден од монахињи

Еколошки манастир изграден од монахињи

673
0

Сестринството од манастирот Хрисопиги кај Хања, Крит дваесет години работело на подигање на ново светилиште, а од нивните раце биле изработени и многу подни и ѕидни мозаици. Монахињите водат и еколошка школа по програма која сами ја осмислиле, одгледуваат органско овошје и зеленчук, а целиот комплекс исклучиво користи обновливи извори на енергија, пишува српскиот весник „Политика“

Реткост е да се видат на едно место, токму на литургија во црква десет патријарси, колку што пред неколку недели присуствуваа на заседанието на Светиот и Голем Собор на православната академија во Крит. Освен тие, во својство на делегати, учесници на седници на заседанието присуствувале вкупно 240 архиереи, архиепископи, митрополити, владици и 60 советници.

MozaikУште поголема реткост е присуството и на неколку жени, кои се угледни теолози. Една од нив е сестра Теоксенија, игуманија на големото критско светилиште, манастирот Хрисопиги, посветен на Пресвета Богородица. За советник на Соборот ја именувал лично вселенскиот патријарх Вартоломеј. Сестра Теоксенија е ценет теолог, студирала социјална работа и пастирска теологија на Универзитетот во Атина. Меѓу другото, таа се занимава и со прашањата за екологија и заштита на животната средина, согледувајќи ги низ призма на православното учење и гледајќи ги природатата и човекот како творби на Бог.

Токму таму каде се откриваат антички и ранохристијански споменици и модерните згради на Хања, старецот Порфирије Кавсокаливит (1906-1991), еден од најугледните грчки духовници одлучил да подигне нов манастир.

Велат дека имал визија како ќе изгледа манастирот, каде ќе бидат конаците за сестринството, каде ќе биде манастирската црква, од кој камен ќе биде изграден, како ке биде украсен . . .
Следејќи ги неговите упатства, монахињите ја започнале изградбата која трела двеесетина години. Првата литургија била извршена 2007 година. Монахињите дирекно учествувале во изградбата. Сите украси, мозаиците по ѕидовите на црквата или на подот, под манастирската црква, до шарените каменчиња, ги правеле токму монахињите.

chrysopigi-restaurantДенес, тие обработуваат околу 50 хектари, посветени се на органсо производство на овошје и зеленчук, маслинки, мандарини, авокадо, портокали . . .

Во својата духовна мисија, сестринството кое брои педесетина монахињи најмногу е свртено кон зачувување на животната средина. Имаат програма со која ги обучуваат младите за еколошката заштита, кои сами ја осмислиле. Во манастирот користат исклучиво обновливи извори на енергија.

Посветеноста на органското производство и чување на животната средина која ја осмислил Порфириј, денес ја следи и вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој денот 1 септември го установил како ден за зачувување на животната средина, а од минатата година овој ден го обележува и Римокатоличката црква.

Вселенската патријаршија во 2013 година го прогласила за светец Порфириј, што резултира со голема посета на манастирот Хрисопиги од верници од целиот свет, кои се во потрага по мир, утега и духовен совет.

Како Хрисопиги станал женски манастир

Стариот манастир Хрисопиги е подигнат во втората половина на 16 век се наоѓа во самиот град Хања. Бил уништуван три пати. Венецијанците го уништиле во 1692 година, потоа во 1821 година во текот на Грчката револуција го опустошиле Турците и ги убиле сите монаси. За време на Втората светска војна претворен е во административен центар на окопаторските сили, братството е протерано, а манастирот е оштетен. До 1976 година Хрисопиги бил пуст. Од таа година тој станува женски манастир и почнува да расте. Сестринството, на почетокот се состоело од три монахињи. Една од нив била и сегашната игуманија Теоксенија.

Како што се обновувал манастирот, така растело и сестринството. Гледајќи го тоа, старецот Порфириј им рекол на монахињите дека треба да се изгради ново светилиште, на ридот над Хања. Во стариот манастир останала иконата на Богородица за која се верува дека има чудотворна моќ. Таа е украсена со сребрени и златни плочки од верниците кои тие вредни предмети ги оставале во знак за благодарност за нивното лекување.

Критскиот собор и еколошките прашања

Novi-manastirЕколошката криза, климатските промени и глобалното затоплување се прашањата кои биле разгледувани и на заседанието на Светиот и Голем собор на Крит, кои заврши на 26 јуни годинава. Во документот „Мисијата на црквата во современиот свет“ се истакнува дека алчноста и потребата за поседување на материјални добра доведува до не само духовна сиромаштија, туку и до уништување на животната средина.
Православната црква повикува на зачувување на природата која е Божја творба и на одговорен однос кон неа и на промовирање на вредностите на штедење и воздржување.
Исто така, во документот се потенцира дека правото да уживаат во природните добра имаат не само сегашните, туку и идните генерации.

/POLITIKA

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *