Почетна Анализа Двојната власт врз епархиите од Македонија една од причините за неучеството на грчкиот Архиепископ во Женева
Двојната  власт врз епархиите од Македонија една од причините за неучеството на грчкиот Архиепископ  во Женева

Двојната власт врз епархиите од Македонија една од причините за неучеството на грчкиот Архиепископ во Женева

1.28K
0

Иако условно важат за блиски во меѓусебните односи во православниот свет и се дел од т.н. грчки блок цркви, сепак последните искри во комуникацијата помеѓу Грчкиот Архиепископ и Вселенскиот Патријарх ги ставаат на различни страни двете цркви.

Грчкиот Архиепископ, Јероним донесе одлука да не учествува на подготвителната средба на Поглаварите на автокефалните цркви во Шамбези – Женева закажана за 21 јануари и која според пишувањата на грчките медиуми, речиси нема можност да се промени. Наместо него грчката црква ќе ја претставуваат тројца митрополити. Иако ова не е директно оспорување или блокирање на иницијативата на Вселенската патријаршија за одржување на долгонајавуваниот Вселенски собоор, сепак индирекно на некој начи може и тоа да се случи, ако се оценува по најновиот став на БПЦ дека таа нема да учествува на конференцијата ако не се присутни сите поглавари на помесните цркви.

Сепак, одуката на Јероним да не учествува е силна порака, пред се до Вселенскиот патријарх, затоа што ова е прв пат во историјата на ГПЦ, нејзин Архиепископ да не учествува на овие подготвитрелни сесии.

Вартоломеј кога во 1992 година дојде на тронот на Цариградската патријаршија во Фанар, седум месеци подоцна ја почна иницијативата за интензивна комуникација меѓу православните цркви, како појдовна точка до она што треба да се случи годинава, а тоа е одржување на Вселенски собор на Православната црква, по 1200 години.

Во таа 1992 година, Вартоломеј го свика првиот состанок на ниво на Поглавари на Православната црква, во обид да ја пренесе пораката и неговата идеја за единство внатре во Православната црква, но и за единство во релациите со Римокатоличката Црква.

Во изминативе 23 години Вартоломеј организираше седум средби на Поглаварите и на ниту една од тие средби не беше отсутен атинскиот Архиепископ. Учествуваше на сите досега.

Првата средба беше во март 1992 година во Истанбул, каде учествуваше Архиепископот на Атина и цела Грција, Серафим.

Три години подоцна, во септември 1995 година во Патмос, исто така присуствуваше Архиепископот Серафим.

Во јануари 2000 година, во Ерусалим дојде, тогаш новиот Архиепископ, Христодул. Во декември истата година, во Ница, пак, учествуваше Архиепископот Христодул.

Во мај 2005 година во Истанбул, присутен е Архиеписопот Христодул. Сегашниот грчки Архиепископ, Јероним прв пат учествува на овие средби во март 2008 година во Истанбул. Присутен беше и последниот состанок на поглавари како во март 2014 година, кога и се донесе одлука за свикување на Вселенскиот Собор за оваа 2016 година.

Одлуката на Јероним, овој пат да не учествува лично на состанокот во Женева, не успеаја да ја променат ниту притисоците врз него кои упатени и од политички претставници.

Проблемите се од лична природа и директно на релација Атина – Фанар. Ескалираа откако Вселенската патријаршија преку својот претставник во Атина, се обиде да ја засили позицијата на тамошната канцеларија на Патријаршијата на повисоко ниво, или како што велат во медиумите во Грција на некакво ниво на амбасада на Вселенската патријаршија во Атина. Тоа предизвика гнев кај Грчката црква, оценувајчи го однесувањео на претставникот на Вселенската Патријаршија како непријателско.

Јуриздикцијата врз епархиите во Грција
Јуриздикцијата врз епархиите во Грција

Втората причина е долгогодишниот проблем со двојтсвото на управување со епархиите од „новите земји“ на Грција, како што се дефинираат, или епархиите од Егејска Македонија, кои припаднаа на Грција по 1912 година, по балканските војни и поделбата на територијата на Македонија. Над овие епархии духовна превласт има Вселенската Патријаршикја, но тие реално се наоѓаат во Грција. Со томос во 1928 година тој однос е редефиниран, со тоа што митрополитите, кои ги поставува Грчката црква, а потврдува Вселенската учествуваат во работата и на Синодот на Вселенската патријаршија.Ова прашање со некаква двојност Грчката црква сака одамна да го разреши.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *