Почетна Анализа Ѓормез: Од голема важност е постоењето на заеднички верски календар кај Муслиманите
Ѓормез: Од голема важност е постоењето на заеднички верски календар кај Муслиманите

Ѓормез: Од голема важност е постоењето на заеднички верски календар кај Муслиманите

337
0

Одредени исламски земји, меѓу кои спаѓа и Турција, но и Муслиманите во Македонија на 5-ти јули почнаа да го слават Рамазан Бајрам, додека за одредени земји празникот започна на 6-ти јули, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на управата за верски прашања на Турција, проф. д-р Мехмет Ѓормез во врска со темава зборуваше со новинарот на АА.

RAMAZANЃормез напомена дека со години во исламскиот свет се провлекува расправата околу прашањето за заедничкото започнување на рамазанскиот пост и прославата на Рамазан Бајрам.

Досега во врска со оваа тема одржани се седум конгреси, истакна Мехмет Ѓормез и додаде дека исламските научници ја увиделе важноста од однапред подготвен календар, според кој сите муслимани во светот истовремено ќе ја споделат радоста на големите празници.

Ѓормез истакна дека го радува што заедницата на муслиманите од Европа, кои наспроти различното толкување кое постои на просторите во кои живеат муслиманите, ги има земено в предвид астрономските податоци при изработката на верскиот календар.

Тој додаде дека голем дел од муслиманите во Русија, муслиманските заедници во Европа, од балканските земји и земјите од Средна Азија се раководат според пресметките изработени од верските научници во Турција, додека меѓу одредени муслимански организации во Америка постојат одредени недоразбирања.

– Од исклучителна важност е постоење на заеднички календар –

Мехмет Ѓормез истакна дека муслиманите имаат голема потреба од заеднички верски календар бидејќи тие не живеат само на Арапскиот Полуостров.

„Ова недоразбирање не се однесува само на дебатата околу (времето на појавување) младата месечина, станува збор за недоразбирање околу стиховите (ајетите) кои Господ им ги испрати на луѓето преку книгите, поставеноста на стиховите што се однесуваат на Вселената и разбирањето на нивниот меѓусебен однос.”

– „Целиот исламски свет го посакува тоа” –

Претседателот на управата за верски прашања на Турција, проф. д-р Мехмет Ѓормез, истакна дека исламскиот свет има голема потреба од еден заеднички верски календар според кој ќе се раководат муслиманите во светот, а тоа особено го бараат муслиманските малцинства кои бараат спас од искажаните противречности.

Ѓормез истакна дека го радува што заедницата на муслиманите од Европа, кои наспроти различното толкување кое постои на просторите во кои живеат муслиманите, ги има земено в предвид астрономските податоци при изработката на верскиот календар. Тој додаде дека голем дел од муслиманите во Русија, муслиманските заедници во Европа, од балканските земји и земјите од Средна Азија се раководат според пресметките изработени од верските научници во Турција, додека меѓу одредени муслимански организации во Америка постојат одредени недоразбирања.

/АА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *