Почетна Вести Принцот Чарлс предупреди на опасноста од религиозните прогонувања
Принцот Чарлс предупреди на опасноста од религиозните прогонувања

Принцот Чарлс предупреди на опасноста од религиозните прогонувања

148
0

Британскиот престолонаследник , принцот Чарлс предупреди на заканата – религиозните прогонувња да предизвикаат повторување на стравотиите од минатите времиња.
Во својата божикна порака, преку радио Би-Би-Си, Черлс рече дека растежот на популизмот и агресивноста на популистичките групи кон малцинските религии, претставуваат длабоко вознемирувачко ехо на мрачните времиња од триесеттите години на 20 век.

carlsТој побара од луѓето да имаат почит кон оние со поинаква религија и вероисповест, потенцирајќи дека религиозната слобода ,за некои верници, честопати е избор меѓу животот и смртта.

Изминатите недели, принцот се сретнал со еден езуитски свештеник од Сирија кој му ги опишувал прогоните на христијаните, кои поради тоа мораат да избегаат од својата земја и од своите домови.

Свешетеникот го информирал принцот за масовните киднапирања на христијаните, што предизвикува масовен страв кај верниците па тој предвидува дека во рок од пет години би можело да се случи во Ирак да нема повеќе христијани.

Според британскиот принц, религиозните прогонувања се раширени насекаде низ светот и со тоа не се опфатени само христијаните, туку и припадници на други, помали религиозни групи.

– Роден сум по Втората светска војна, кога генерацијата на нашите родители се бореше против настојувањето да се истребат Евреите од Европа. 70 години подоцна, се уште гледаме како злото на прогонувањето не е исчезнато, вели Чарлс во својата порака.

Тој потсети дека и пророкот Мухамед емигрирал од Мека и од Медина затоа што барал слободи за себе и за своите религиозни следбеници.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *