Почетна Вести ВИДЕО – Христијани и муслимани се собраа пред божиќната елка во Алепо
ВИДЕО – Христијани и муслимани се собраа пред божиќната елка во Алепо

ВИДЕО – Христијани и муслимани се собраа пред божиќната елка во Алепо

2.32K
0

Празничната еуфорија во Алепо, вториот по големина град во Сирија, покажа дека војната не може да го убие духот на народот за прославата на Божиќ. Во многу видеа беше покажано како христијани и муслимани го слават Божиќ околу украсената елка што покажува силна симболика на победа над радикалните исламистички сили во овој град.

bozik-alepoМеѓу многуте граѓани може да се види знамето на Сириска Арапска Република, Руската федерација и Хезболах.

За првпат по четири години луѓето во Алепо слават Божиќ.

На социјалните мрежи беа објавени видеа во кои се гледаат детски хорови како пејат и музичари облечени како Дедо Мраз кои свират на инструменти, додека луѓето се собрани пред големо божиќно дрво. На балконите во западниот дел на Алепо се поставени руски, ирански и сириски знамиња, пишува Daily Mail.

Прославата во еден момент била прекината од експлозија, но луѓето повторно се вратиле на плоштадот, танцувајќи и пеејќи божиќни песни.

За прв пат во четири години христијаните од Алепо слават Божиќ, во западниот дел на Алепо што е под контрола на Башар ал Асад. Истовремено, во источниот дел на градот се случува евакуација на цивилите и противниците на режимот на Асад.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *