Почетна Коментар Денот на Мајка Тереза треба да биде државен празник во Македонија
Денот на Мајка Тереза треба да биде државен празник во Македонија

Денот на Мајка Тереза треба да биде државен празник во Македонија

209
2

 

На 4 септември со канонизација од светски размери, Папата Франциск во Ватикан ќе ја прогласи Скопјанката Агнеса Гонџа Бојаџиу за Света Мајка Тереза. Следниот ден на 5 септември, денот кога таа почина, ќе се случи и првата литургија за Светицата.

Тоа ќе биде најзначајниот настан во поновата историја на Римокатоличката црква. Личноста што го одбележа XX век ќе биде впишана во календарот на Римокатоличките празници.  Таму ќе го пишува и името на Скопје, главниот град на Македонија. Како нејзино место на раѓање. Во житието на Света Тереза ќе ги има фактите и податоците од Македонија. А, еден, многу важен и значен податок, освен тоа дека е родена во Скопје, е оној дека нејзината љубов кон Христа, нејзините први чувства кон милосрадието, потекнуваат од овде, од овие простори. Неизмерната љубов, солидарност, верба… Мајка Тереза ги научи од човекољубието на ова македонско општество.

По Калкута, Скопје може да стане нејзин вториот центар, каде милиони Католици, но и поддржувачи на нејзиното дело од други вери, ќе доаѓаат на поклонение.

Света Мајка Тереза е олицетворение на македонскиот мултирелигиски и милтикултирен идентитет. Таа е лик кој обединува. Македонија изминативе години направи многу нешта со кои достоинствено и се оддолжува за нејзиното дело, но и за нејзиниот симбол на единство.

И Спомен куќата и споменичната композиција што се гради и имињата на плоштадите, улиците и објектите ќе сведочат за македонската почит кон Света Тереза. Ќе останат како спомен за идните генерации, да можат да пронаоѓаат исти, или слични вакви ликови кои ќе го градат столбот на ова општество.

Но, можеби треба да се размислува за нешто плус, за нешто повеќе. За нешто што ќе биде смисла и потврда на оваа генерација за обединувачкиот дух на Мајка Тереза. Нешто како аманет на љубовта. Нешто што секоја година ќе потсетува на неизмерното човечко дело на Светицата.

Таков белег би останал ако 5 септември, денот на Света Мајка Тереза, биде прогласен за државен празник.

slika marjanВо Македонија има многу празници кои се слават како државни, што со национална и државничка компонента, што по верска основа на најголемите религиозни групи. Дел од нив честопати се слават само во рамки на своите групи. Мајка Тереза има смисла, која можеби, на еден државен празник ќе ги построи еден до друг сите.

Македонија можеби нема да биде единствената држава каде овој ден ќе биде државен празник, но може да биде прва во тој процес.

Пишува: Марјан Николовски

Коментар(2)

  1. Еве на пример да го замениме 8. Декември со 5. септември?
    Со што ја задолжила сестра Тереза Македонија, па и нејзиниот ден да биде државен празник?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *