Почетна Коментар Античко светилиште на Исарот во Штип
Античко светилиште на Исарот во Штип

Античко светилиште на Исарот во Штип

519
0

Во моментот се извршуват археолошки истражувања на северозападното подградие на тврдината Исар во Штип, на локацијата Стара Кланица.

Црква Св. Васие, северозападно предградие
Црква Св. Васие, северозападно предградие

На ова место откриена е средновековната црква „Св.Власие“ од 14 век, додека во подлабоките слоеви траги од римски храм и два коринтски капители, карактеристични за овој период.

Покрај средновековната црква откриена е некропола која во моментот се доистражува. Со истражувањето откриени се гробови од средновековниот и римскиот период и раноантички садови со украсна керамика во west -slope техника карактеристична за 4-3 век п.н.е.

Влез со скалила во тунелот
Влез со скалила во тунелот

Тргнувајќи од податокот дека тврдината Исар во Штип е еден од ретките примери каде, легендата станува стварност, со откривањето на легендарниот тунел кој го спомнува Евлија Челебија во своите патеписи, кога во 17 век поминува низ овој крај, опишувајќи како османлиската армија преку тунелот ја освојува тврдината.

Јужна половина од акропол и еднокорабна црква
Јужна половина од акропол и еднокорабна црква

Штипските археолози со откриените артефакти, веруваат дека на оваа локација можеби се наоѓа местото каде се вршело и крунисувањето на пеонските кралеви, споменато од Полиен во 3 век  п.н.е. каде опишува дека во реката Астибо (Брегалница) е вршено ритуалното капење на пеонските кралеви како чин на нивното крунисување.

Неспорен е фактот дека на Исарот се лоцира и античкиот Астибо, додека реката Брегалница во античкиот период го носи името Астибо. Тврдината на Исарот е интересна и по верувањето дека во минатото, постоеле четири цркви на Исарот кои формираат замислен крст.

ISAR2016 046Досега беа познати две, „Св. Архангел Михаил“ и „Св. Јован“ датирани од 14 век. Со истражувањата се открија уште две, „Св.Власие“ и уште една еднокорабна, мала црква, на акрополот на тврдината која можеби ако ја поврземе со познатиот празник „Св.Четриесет Маченици“ кој се слави на денот на пролета во Штип и прифатен од УНЕСКО, може да претпоставиме дека се работи за црква „Св.Четриесет Маченици“, така да може да го прифатиме фактот за 4 цркви во форма на крст.

 Пишува: М-р Митко Штерјов -археолог виш конзерватор

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *