ВМРО ДПМНЕ организираше трибина во чест на Светите Кирил и Методиј во црквата Св. Богородица – Калишта, Струга. На тибината насловена „Св. Кирил и Методиј, Стожер на Постоењето!“ зборуваа Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот Богословски факултет Св. Климент Охридски – Скопје и Митко Панов, редовен професор на Институтот за национална историја при УКИМ – Скопје.
Светите браќа Кирил и Методиј не се само словенски просветители, тие се рамноапостоли и прогласени за заштитници на Европа. Тоа само го покажува големото дело кое го оставиле зад себе, дело кое после повеќе од еден милениум сеуште е живо како никогаш до сега. И дело врз чии темели се родија и Светите Климент и Наум, зборот на Мисирков, Пулевски, Прличев, Коневски. Таа македонска низа на безвременото дело низ чии корени се изнедри македонскиот збор и писмо. Заслуга на работата на Св. Кирил и Методиј е секој денешен изговорен или напишан збори, стих или текст на македонски или полски, српски или руски, украински или словенечки, чешки, хрватски, бугарски или било кој друг словенски јазик, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
-Се обиделе на автентичен начин да го пренесат божјото слово необидувајќи се на никого да влијаат врз нечија култура врз нечиј идентитет, јазик туку на автентичен начин да пренесат создавајќи писмо“, изјави Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот богословски факултет Св. Климент Охридски.
-Тоа е апсурдот на политиката и мешањето на политика во историјата токму пораката тука ја гледам на Кирил и Методиј таа рамноправност на словенските народи вклучително и македонскиот којшто заслужува да го добие своето место во европската унија“, изјави Митко Панов, редовен професор на Институтот за национална историја при УКИМ.

