Почетна Коментар Муслиманите сакаат пораз на ИСИС
Муслиманите сакаат пораз на ИСИС

Муслиманите сакаат пораз на ИСИС

564
0

Исламска држава е непријател на исламот. Всушност, ИСИС е непријател на јудаизмот, христијанството, јазидизмот, будизмот, хиндуизмот, сикизмот, атеизмот и на сите други кои се противат на злото и варварската агенда. Меѓутоа, разликата е во фактот што муслиманите најмногу страдаат од ужасните напади на ИСИС.

Уште еднаш овој месец бевме сведоци на крвавото дивеење на ИСИС против муслиманите. Најужасниот инцидент беше во Багдад, каде што самоубиец на ИСИС со автомобил-бомба за своја цел ја имаше шопинг областа Карада, при што загинаа повеќе од 175 лица, вклучувајќи и многу деца. Во експлозијата примарна цел беше шиитска населба. Но ако мислите дека ИСИС се двоуми да убива и сунити, едноставно не знаете во што се’ беше вклучена ИСИС во последниве неколку години. Групата брутално уби огромен број сунитски муслимани, вклучувајќи и три жени кои.

Наводно ИСИС убила тројца имами „поради непофалување на ИСИС во нивните проповеди“. Ова го поткопува аргументот дека терористичката група ги убива само оние муслимани кои не се доволно побожни. ИСИС не е за потчинување на исламот. Наместо тоа, ИСИС е убедување дека мора или целосно потчинување на ИСИС или смрт. ИСИС ги почитува изопаченоста и нечовечноста, а не исламот.

Во случаи каде што може да се утврди верската припадност на жртвите на тероризмот, на муслиманите им припаѓаат меѓу 82 и 97 отсто.

den 2ИСИС не е за принципите на исламот ниту, пак, за помагање на муслиманите. Тој е за моќ: милитантите ќе убијат колку што е можно повеќе луѓе – особено муслимани – за да го постигнат она за што толку очајно копнеат. Значи, да разјасниме една работа: никој веќе не сака да ја види ИСИС поразена од муслиманите кои секојдневно закопуваат свои најблиски поради ужасот на ИСИС врз нив.

Пишува: Дин Обеидала, политички комичар и коментатор

/превод: УТРИНСКИ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *