Почетна Коментар Отец Пимен за Задушница: Не бидете робови на формата
Отец Пимен за Задушница: Не бидете робови на формата

Отец Пимен за Задушница: Не бидете робови на формата

5.65K
4

Еден совет за кој не би било лошо да размислите пред спиење.

zadusnicaИмено, утре многумина од вас ќе отидат на гробишта и ќе однесат многу храна која ќе си ја раздавате, за помен на починатите, меѓусебно. Со тоа чиниме милостина во име на починатиот. Свештениците ќе ги споменат починатите на парастасот.

Но, освен молитвата каква полза би имале починатите од раздавањето на храната кога ја даваме на луѓе кои имаат доволно?

Затоа ве советувам и замолувам да не ги одвраќате сиромашните кои ќе дојдат до вас и ќе ве замолат да им дадете нешто. Тие навистина ќе ја употребат дадената храна и нема да ја фрлат во корпите. Донирајте храна и во народните кујни, во детските домови, во затворите и интернатите. Секако го правите трошокот.

Не бидете робови на формата, размислете и исполнете ја суштината.

Бог нека се смилува на душите на нашите починати браќа и сестри и нека им подари Царство Небесно.

О.Пимен

Коментар(4)

  1. Православните христијани на најмистичен начин се однесуваат на своите гробишта (чувајќи една традиција наследена од времињата кога монаштвото и старчеството се занимавале со предавање на конкретни мистични знаења кон верниот народ, а не просто три-четири пораки да се исповедаат, да бидат милостиви, да си најдат духовен отец и со негов благослов да се причестуваат). Поверојатно е дека во тие времиња и самите духовни отци имале поголем успех како пастири, а и нивните духовни чеда принесувале многу поголем плод. А денес можеби народот тоа наследство и го практикува без свесно познание за суштината на празничните постапки, но зарем Вие кој сте духовен отец на многумина досега немате откровение зошто толку верно христијаните на овие простори ја чуваат таа веќе не толку читлива за духовните очи на денешниот свештеник традиција? Често го нарекувате тоа суеверие и никогаш не се запрашавте да не сте можеби во заблуда самиот Вие. Постојат приоритети во милостињата, но човек треба да е просветлен со особено познание за да разликува кому, што, колку и како да даде. За разлика од Вас јас сум често запрепастен колку добро луѓето овде интуитивно препознаваат како да постапат на гробишта, без да биле упатувани во општите црковни насоки за празнувањата што ги давате на пр. Вие сега. Секако, има една добра старозаветна порака според која кога го раздаваме својот леб на гробот на покојникот со тоа сведочиме дека е праведник. Но колку и да ја препрочитувате и да се обидувате да ја толкувате, ако Бог не Ви ги отворил очите со една особена благодат преку која би Ви биле познати вредностите на сите твари и на односите меѓу нив – ништо нема да сфатите правилно за овие работи. И самата светотаинска природа на Литургијата со тоа Вам за жал Ви останува непозната.

  2. Blagoslovete Otec. Vi blagodarime za vasite mudri pouki, sekogas gi citame so golemo vnimanie. Poucuvajte ne i ponatamu. Bog da e sekogas so vas.

  3. Ти кој се нарекуваш Витезда многу убаво си го срочил твојот коментар но изостанала поентата – повели братче да се поучиме и од тебе.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *