Почетна Вести Злоставените членови на католичкиот хор од Баварија ќе бидат обесштетени
Злоставените членови на католичкиот хор од Баварија ќе бидат обесштетени

Злоставените членови на католичкиот хор од Баварија ќе бидат обесштетени

98
0

Стотици деца кои биле сексуално и физички злоупотребени во минатите неколку декади во Домшпацен, светски познатиот католички хор од Баварија, ќе бидат финансиски обесштетени, соопшти Регенсбуршкиот бискуп Рудолф Фодерхолцер.

Баварскиот хор, кој постои повеќе од 1.000 години, за првпат од неговото постоење, во 2010 година, го потресе скандал со масовно злоставување деца, кога поранешни членови на хорот обвинија дека биле злоставени од возрасни членови на католичката црква. До денес, 422 поранешни членови на хорот поднесоа жалби за злоставување, од кои најмалку 65 се поврзани со сексуално злоставување од наставници и свештеници, кои се случиле во периодот меѓу 1945 и 1990 година. Се верува дека вистинскиот број на жртви е многу поголем.

decКатоличката црква и претставниците на жртвите формираа панел кој треба да работи на разрешување на последиците од трагедијата.

Фодерхолцер во средата ги објави резултатите од времениот извештај и постигнатиот напредок во адресирањето на злоупотребата кои се плод на работата на панелот, составен и од претставници на жртвите. Тој ја опиша истрагата како „најдепресивно искуство“ во неговото верско служење. Епископот рече дека панелот се согласил на пристап во четири чекори за решавање на случаите на злоупотреба.

Во придружба на две жртви, Фодерхолцер изјви дека до крајот на 2017 година панелот ќе донесе одлуки за исплаќање на компензација во висина од 5.000 до 20.000 евра за секоја жртва.

Исто така, ќе бидат преземени и други мерки со цел да се осигура „ефективно и одржливо решение“ против злоупотребите, а ќе биде спроведена и социолошка и историска студија. Ова треба да помогне да се развијат превентивни мерки против идни случаи на злоупотреба.

Александер Пробст и Петер Шмит, претставници на жртвите, рекоа дека се задоволни од досегашниот исход на истрагата и ја поздравија сериозноста со која Фодерхолцер ѝ пристапил на целата ситуација.

Претходникот на Фодерхолцер, кој ја извршуваше функцијата од 2002 до 2012 година, кардиналот Герхард Лудвиг Милер, беше обвинуван од страна на жртвите дека ја попречува и одложува истрагата.

Постариот брат на папата Бенедикт, Георг Рацингер, го водеше хорот од 1964 до 1994 година, период во кој се верува дека се извршени злоупотребите.

Според адвокатот на жртвите Улрих Вебер, Рацингер морал да знае барем за некои од случаите, иако тој негираше дека имал информации за тоа. Вебер ќе го објави крајниот извештај за злоупотребите на почетокот на 2017 година.

/DW

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *