Почетна Вести Христијанство Заврши реконструкцијата на стражарницата и чешмата на влезот во Рајчица
rajcica
rajcica 2
rajcica 3
rajkcica 4
rajcica 5
rajcica 6
rajcica 7
rajcica 9

Заврши реконструкцијата на стражарницата и чешмата на влезот во Рајчица

450
0

По повеќе од една година реставраторски активности, заврши обновата на манастирската стражарница во Рајчица, заедно со прекрасната чешма што се наоѓа пред влезот на манастирот.

Ова е веќе втора реставрација на споменатиот објект, инаку некогашно егзархиско црковно училиште, кое било изградено во 1875 година и функционирало до 60-те години на минатиот век, бидејќи сѐ до тогаш селото било цело населено со жители Македонци со православна вероисповед. За време на балканските војни и Првата светска војна, како и поради процесот на миграција после Втората светска војна бил засилен процесот на иселување, за да денес во него живеат само три православни фамилии.

-Првичната реставрација на црковното училиште беше спроведена уште при самата возобнова на Манастирот во 2001 година, кога тоа беше украсено со нова фасада, прозорци и покрив. Тогаш беше и пренаменето во стражарница. При обновата целосно беше сочуван симболот што се наоѓа на предниот ѕид од објектот, кој останува автентично да сведочи за историските прилики на времето кога било подигнато училиштето. Имено, ова тогаш многу значајно егзархиско школо, било финансирано од Црквата и тоа во тешките години на османлиското владеење, поради што, покрај крстот како знак дека станува збор за православно црковно училиште, на симболот била поставена и месечина, во знак на благодарност што од страна на османлиските власти било дозволено да се изгради училиштето, велат од Бигорската Обител.

Чешмата, пак пред училиштето била направена нешто подоцна, во 1882 година, од бигорскиот монах Неофит, вешт каменорезец.

-Од записите дознаваме дека истиот овој монах е заслужен за изградбата и на познатата Бигорска чешма што денес се наоѓа под тремот на храмот, како и за испосницата во близина на агиазмата на Живоносниот Источник – Балаклија, под манастирот. Подоцна, игуменот го задолжил да ја направи и оваа чешма, што тој ја украсил со прекрасен византиски крст и со уметнички изработен натпис, во кој ги навел годината на изградба и своето име. Со тек на време, изложена на негрижа и заборав, ѕидот делумно се распаднал, натписот избледнел, устецот потполно се уништил, велат од Бигорски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *