Почетна Вести Христијанство Заврши првиот камп по веронаука на Бигорски
a-31
a-30
a-29
a-28
a-27
a-26
a-24
a-23
a-22
a-21
a-20
a-19
a-14
a-13
a-12
a-11
a-10
a-9
a-8
a-7
a-6
a-5
a-3
a-2
a-1 (1)

Заврши првиот камп по веронаука на Бигорски

575
0

Заврши првиот летен камп по веронаука на Бигорскиот манастир. Голем број дечиња и оваа година беа дел од часовите и работилници по Веронаука во манастирите на Бигорската Обител.

Тие за ова време имаа активности за стекнување вештини, но и за духовна надградба.

Голем и свет влог е евангелското слово посеано во детското срце. Таа сеидба е благородна, но истовремено и многу одговорна дејност. Носи преголема радост и исполнетост, но бара и сериозен труд и посветеност. Зашто ништо на земјата не е толку скапоцено како охристовените детски души. Барем тоа го докажува повеќегодишното искуство на нашите свештени Обители во духовната работа со младите. Впрочем, и Самиот наш Учител и Спасител, Господ Исус Христос, кажа: Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зашто на такви е царството небесно (Матеј 19,14). Раководен од оваа Христова заповед, која истовремено е и завештание од нашите предци да им го предадеме најважното на најмладите, нашиот Старец Партениј и ова лето посака и благослови децата да ги посетуваат нашите две Обители – Бигорската и Рајчичката – и да им овозможи малку поодблизу да го запознаат монашкиот богослужбен живот, основните вистини за православната вера, но пред сѐ да ја почувствуваат неизмерната Христова љубов и радост посеана во нивните души. Meѓу другото, тие ја својата благодарност ја искажаа и со пишаниот збор, со што, всушност, нѐ задолжија уште повеќе да се молиме за нивната светла духовна иднина, велат од Бигорскиот манастир.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *