Европската епархија од 12 до 14 мај годинава го одржа редовното годишно епархиско собрание, овој пат во Виена – Австрија. На собранието присуствувале свешнетици од сите црковни општини на Европската епархија.
Покрај седниците на епархискиот управен одбор и на собранието, Митрополитот европски г. Пимен служел и света литуаргиај.
Годинешното епархиско собрание дополнително било збогатено и со назначувањето на свештеникот Душко Пецов – парохиски свештеник во Црковната општина „Св. Кирил и Методиј“ – Дортмунд, во протоерејски чин. Ракополагањето го извршил Митрополитот г. Пимен.
Од Европската епархиаја посочуваат дека Епархиското собрание во присуство на скоро сите делегати од Европските Црковни општини поминало потполен ред и хармонија со активно учество на сите делегати преку дискусија во речиси 5 часа за целиот дневниот ред.
Традиционално по епархиското собрание, Македонците од Европа организирале и музичко -културно манифестација на која присуствувал Амбасадорот на РМ во Австрија, Василка Попоска Треневска и конзулката Румена Томоска .
-За особена пофалба се домакините од МПЦО Св.Наум Охридски кои функционираа сите како еден и се погрижија сите три дена ништо на никој да му недостасува и се да биде во ред и навремено доставено на секој. Да се радуваме и веселиме и нека убавите зборови на о.Пимен ,,Да Му благодариме на Бога! Богат е човек кој има вакво свештенство, вакви делегати и ваков верен народ.Радоста моја е огромна а уште повеке ме радува присуството и на мали дечиња кои од повеке страни од Европа се присутни на овие собранија“ ни бидат потик и стимул за сите нас и како свештенство и како верен народ ,кој иако далеку од родното огниште, живата света Македонска Православна вера ја пренесува низ цела Европа, велат од европската Епархија.






















































