Заев: Меѓународната заедница мора да биде решителна во борбата против тероризмот

Date:

Share post:

Премиерот Зоран Заев го осуди терористичкиот напад во Нов Зеланд.

– Длабока е жалоста и огорченоста за загубените животи во масовните терористички напади во двете џамии во градот Крајстчрч.

Во писмото до Н.Е. г-ѓа Џасинда Ардерн, премиерка на Нов Зеланд, во мое име, во името на Владата на Република Северна Македонија и во името на сите наши граѓани, упатив изрази на жалење и длабоко сочувство за загубените животи, како и желби за брзо закрепнување на повредените лица.

Во овие тешки мигови за Нов Зеланд и за целиот свет ужаснат од овој настан, најостро го осудуваме овој терористичкиот напад и ја изразуваме нашата целосна солидарност со пријателскиот народ на Нов Зеланд.

Овој грозоморен чин нè зацврстува во уверувањето дека меѓународната заедница мора да биде единствена и решителна во борбата против сите форми на тероризам и насилен екстремизам.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img