Почетна Вести Свет За првпат по 86 години, од внатрешноста на Аја Софија се слушна намаз молитва
За првпат по 86 години, од внатрешноста на Аја Софија се слушна намаз молитва

За првпат по 86 години, од внатрешноста на Аја Софија се слушна намаз молитва

262
0

За првпат по 86 години, од внатрешноста на Аја Софија се слушна намаз молитва. Поранешниот музеј ги отвори вратите за стотици верници, по пренамената во џамија во јули годинава.

Покрај верниците, на молитвата присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Дел од верниците беа во „Аја Софија“, а илјадници други пред џамијата и настанот го следеа преку видео бим. Со оглед на строгите мерки поради пандемијата, властите ги одбележаа местата за молитва, посебно за мажите и посебно за жените, но на моменти полицијата беше немоќна да ја контролира толпата.

Настанот го обезбедуваа повеќе од 20 илјади полицајци. Пренамената од музеј во џамија на Аја Софија наиде на силни критики од САД, ЕУ, Грција, Руската православна црква, УНЕСКО и повеќе христијански лидери.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *